ПОСТАВЕН СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НАРЕЧЕН „ВОИН НА КОЊ“ ВО СКОПЈЕ

Десетметарската бронзена статуа на Александар Македонски наречена „Воин на коњ“ и покрај острата реакција на Атина поставена на плоштадот во Скопје.

Поставен споменикот на Александар Македонски наречен „Воин на коњ“ во Скопје
Posted 24.06.2011 12:42:35 UTC
Updated 24.06.2011 12:42:35 UTC

Споменикот на Александар Македонски предизвика појава на нова криза на релација Атина-Скопје.

Грција која го присвојува историското наследство на Александар Македонски (Велики), го дочека со голема реакција поставувањето на бронзената статуа „Александар на коњ“ на плоштадот во Скопје.

Властите во Скопје кои на меѓународната арена често се соочуваат со попречувањата на Атина инсистираа во поставувањето на овој џиновски споменик, што беше и сторено.

12 метарската бронзена статуа на Александар Македонски во придружба и на големи дискусии беше поставена на десетметарскиот постамент.

Поставената статуа на плоштадот во Скопје ги распламти дискусиите околу историското наследство меѓу Република Македонија и Грција.

Грција која не може да го прифати тоа што името Македонија и Александар Македонски (Велики) се присвојуваат од страна на Република Македонија, веднаш откако се појавија вестите за реализација на овој проект истакна дека тоа ќе си има и своја цена, со што се обиде да го заплаши својот северен сосед.

Потоа Република Македонија го зеде во предвид предупредувањето „Не го провоцирајте вашиот сосед“ што пристигна од ЕУ и името на споменикот беше сменето во „Воин на коњ“.

Но Македонија не ги послуша ниту Брисел, ниту Атина и ја постави бронзената статуа на десетметарскиот постамент на плоштадот во Скопје.

Властите во Скопје се задоволни од оваа состојба...

Впрочем, споменикот на Александар Велики, легендарното име на македонската историја, веќе се издигнува во центарот на Скопје.

Друго прашање кое се наоѓа во фокусот на дискусиите е и цената на изградената статуа.

Имено, бронзената статуа која беше изградена во Италија кошташе приближно 7,5 милиони долари.

Така од страна на некои средини овие парични средства се оценуваат како залудно и непотребно трошење за земја во која просечните службенички плати изнесуваат околу 200 до 300 евра.

Свеченото откривање на споменикот на Александар Македонски или „Воинот на коњ“, е најавено за 8 септември-Денот на независноста на Република Македонија.

Најнови вести