ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Истанбул официјално Европска престолнина на културата
Ердоган: "Титулата Европска престолнина на културата, Истанбул со гордост ќе ја носи цела една година“
Posted 17.01.2010 15:08:00 UTC
Updated 22.01.2010 08:44:38 UTC

Истанбул градот на обединувањето на цивилизациите, официјално Европска престолнина на културата.

Синоќа во седум различни центри на Истанбул со големи свечености започна манифестацијата „Истанбул Европска престолнина на културата во 2010“.

На манифестацијата во конгресниот центар Халич – Златен рог во Истанбул чии домаќини беа претседателот на републикава Абдулах Ѓул и премиерот Реџеп Тајип Ердоган учествуваа голем број високи гости од целиот свет.

Премиерот Ердоган во поздравниот говор истакна дека титулата Европска престолнина на културата, Истанбул со гордост ќе ја носи цела една година. „Истанбул е град колевка на низа различни култури и цивилизации“ рече премиерот Ердоган подвлекувајќи дека во градот се чувствуваат гласовите и боите на петте континенти.

„Само Истанбул претставува конкретен показател за тоа дека Турција е европска земја и природна членка на ЕУ“ рече премиерот Ердоган.

Во продолжение премиерот Ердоган се осврна на тоа дека Истанбул е европски град и гледано од аспект на историјата, културата, цивилизациите, луѓето и иднината, Истанбул е град чие лице е свртено кон Европа. Колку што Истанбул ја има прифатено европската култура исто така е и град кој има придонес во обликувањето на европската култура. Истанбул само во рок од една година ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата, но се додека постои нема да ја изгуби титулата културен центар на Европа, рече премиерот Ердоган.

На манифестацијата беа прикажани мотиви и фрагменти од богатото музичко, танцувачко и поетско културно наследство на Истанбул кој беше престолнина на три империи.

Додека над заливот Златен рог беше одржан огномет, на шест различни центри на градот оддекнуваа различните нијанси на турската музика.





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site