Posted 03.02.2010 09:41:50 UTC Updated 03.02.2010 09:41:50 UTC
Претседателот Ѓул синоќа во претседателскиот дворец во Чанкаја приреди вечера во чест на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и неговата сопруга.
Во говорот што го одржа во оваа прилика, претседателот Абдуллах Ѓул истакна дека Косово како земја членка на меѓународната заедница со одговорност, кусо време по прогласување на својата независност стана клучен елемент за мирот и стабилноста на Балканот.
„Ние сметаме дека интеграцијата на Косово во евроатлантските институции е од големо значење од аспект на спокојството и просперитетот во регионот. Затоа ќе продолжиме да ги поддржуваме напорите во оваа насока." - рече претседателот на Републиката Абдуллах Ѓул. |