ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Ататурк во спомени 05
Постои една изрека која гласи: „Ататурков начин на размислување“. Професор доктор Илкнур Ѓунтурк Калипчи позната по своите истражувања на ататурковите дела, вели дека норвежаните ја користат изреката: Ататурков начин на размислување.
Posted 29.01.2010 14:02:41 UTC
Updated 29.01.2010 14:02:41 UTC

За време на едно свое предавање во 2004 година во Норвешка, една жена ја прекинува професор Калипчи велејќи дека во Норвешка многу често се користи изреката “Ататурков начин на размислување“. На прашањето на Калипчи во кој случај ја користат оваа изрека, таа вели: “Кога еден проблем изгледа нерешив, ние тогаш велиме дека мора да има решение. Почнете да размислувате на начин како што размислувал Ататурк. “

По тој повод ние уште еднаш со почит и со благодарност се потсетуваме на големиот Ататурк.

Кога во 1996 година се обелоденува тестаментот на починатиот претседател на Хаити, се појавува едно барање полно со љубов и воодушевување кон Ататурк. Имено, починатиот претседател како своја последна желба, побарал на неговиот надгробен камен да биде напишано следното: “Јас почивам мирно, бидејќи во текот на целиот свој живот успеав да го сфатам лидерот на Турција Мустафа Кемал Ататурк и да ги применувам неговите мисли. “

Во 2000 година, кога американскиот претседател Бил Клинтон ја објави својата новогодишна порака, меѓу другото го спомна и Ататурк. Клинтон рече: “Без сомнение дека единствен државник на целиот овој милениум, е Мустафа Кемал Ататурк, бидејќи Тој успеа да се стекне со името лидер на векот“.

Во продолжение сакаме да се осврнеме на една средба која што се спомнува во мемоарите на Хасан Риза Сојак.

Хасан Риза е роден во Скопје во 1888 година. Во 1922 година се вработи како службеник во Собранието на Турција. Поради оваа служба тој постојано беше во непосредна близина на Мустафа Кемал. По изборот за претседател на Република Турција, Мустафа Кемал во 1924 година во сопствена служба во својата резиденција на Чанкаја го зеде Хасан Риза. Три години подоцна Риза добивајќи го презимето Сојак, стана негов личен секретар, а во 1934 година и генерален секретар. На оваа служба остана се до смртта на Ататурк. Едно време беше пратеник од Бурдур. Почина во 1970 година во Истанбул. Во својата книга “Сеќавање на Ататрук“, Хасан Риза Сојак меѓу другото пишува и за средбата со американската новинарка Гладија Бејкер во 1935 година.

“Бејкер во Долмабахче сарајот во Истанбул имаше средба со Ататурк и меѓу другото во интервјуто го праша Ататурк за тоа какви мерки треба да се преземат за да се зачува светскиот мир. Одговорот на Ататурк јасно кажува колку Тој уште тогаш бил во право.

“ Бејкер го праша Ататурк, дали е можна војна наскоро. Мустафа Кемал војник и револуционер ги крена своите сини очи од масата во Долмабахче сарајот и погледнувајќи кон светлата што се гасеа и палеа на брегот на Анадолија на Босфор, со сериозен и тежок глас одговори: “Не наскоро, туку опасност од војна ни предстои токму во овој момент. На прашањето на новинарката, дали присутната тензија во Европа е послаба или појака за разлика од пред неколку месеци, Ататурк одговори: Многу е полошо. Некои неискрени лидери не се свесни за сериозноста на војната. Тие ги лажат сопствените народи користејќи ги нивните национални чувства и усмерувајќи ги во погрешен правец. Народните маси треба што поскоро самите да ја преземат одговорноста во сопствени раце или пак таа одговорност да ја предадат во рацете на луѓето со високи морални принципи и свест “.

Сега да се задржиме на тоа што забележала новинарката Берти Галис која била гостинка три пати во претседателската резиденција на Ататурк на Чанкаја, а во врска со тоа што мислел и што рекол овој голем лидер на Турците во врска со рамноправноста и правата на жената.

“Во текот на разговорот неколку пати скршнавме од темата. Во меѓувреме, во нашиот разговор ги вклучуваше и гостите кои повремено доаѓаа. Подоцна седнувавме на маса со него. Масата беше многу едноставна, но убава. Не знам како се случи, но наеднаш се појави женското прашање. Како ќе беше судбината на жената во Турција која тогаш толку набрзина се менуваше.

Наеднаш засветеа очите на Ататурк и го рече следново:

“Ќе постои потполна еднаквост. Ќе ги има сите права што ги има и мажот. Нашата жена има право на сопствена слобода и тоа право го има заслужено. Не е можно половината од една нација да остане вон социјалниот живот. “

Мустафа Кемал на тој начин го кажа токму она на кое што јас бев сведок за време на мојата посета на Анадолија. Турската жена беше војник покрај мажот, работеше на нива, ораше, носеше муниција, беше присутна и на самиот фронт покрај војниците. Наскоро планирав нова посета на турските фронтови. Тој ме охрабруваше велејќи ми: Одете и видете. “

Стигнавме до крајот и на оваа програма која ќе ја завршиме со следните зборови на Ататурк, во врска со турската жена:

“Според нас, во Република Турција преовладува мислењето дека турската жена исто како што беше во минатото и денес се наоѓа на позиција која самата ја заслужува“.





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site