ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Кризата околу неидентичната фотелја меѓу Турција и Израел
Во изминатата 2009-та година во односите меѓу Турција и Израел беа доживеани низа кризи
Posted 19.01.2010 15:39:25 UTC
Updated 19.01.2010 15:45:24 UTC

Да се потсетиме на некои од нив. По кризата меѓу премиерот Ердоган и израелскиот претседател Перес во Давос позната како „one minute“, следуваше медиумската криза што беше проследена со емитувањето на една серија на ТРТ 1 на која беа прикажани сцени за израелските насилства врз Палестинците. Со исклучувањето на Израел од воената вежба „Анадолски орел“ меѓу Турција и Израел беше доживеана воена криза.

На почетокот на 2010 година забележуваме дека кризите меѓу двете земји не стивнуваат туку се разгоруваат.

Во врска со прашањето ви го пренесуваме коментарот на проф. Д-р Рамазан Ѓозен шеф на катедрата за политички науки и меѓународни односи при универзитетот Чанкаја кој вели:

„Во првите 11 дена на 2010 меѓу Турција и Израел беа доживеани три значајни кризи. Првата криза беше во врска со Конвојот на слободата за Палестина. Имено во конвојот на слободата кој на пат тргна од Англија по повод првата годишнина од последниот израелски напад врз Палестина и пренесуваше хуманитарна помош за настраданите Палестинци учествуваше и делегација од Турција. Конвојот чекаше на границата и беа доживеани сериозни човечки драми. Во кризата која произлезе од Израел значајна улога имаше и Египет. По сиве овие настани повторно се појави една нова медиумска криза меѓу Израел и Турција. Во една позната серија која се емитува во Турција беше прикажана сцена на еден напад на израелската амбасада и крв на израелското знаме. Израелските власти реагираа во врска со серијата. Во текот на истиот ден премиерот Ердоган го критикуваше Израел по повод нападот на Газа така што врз база на ваквиот развој на настаните израелското министерство за надворешни работи реакцијата ја изнесе со следните зборови: „Турците се последни кои што можат да го критикуваат Израел“.

На крајот од сето ова дојде до дипломатската криза поради неидентичните фотелји. Имено до кризата дојде кога израелскиот заменик министер за надворешни работи Дани Ајалон и неговата екипа го повикаа турскиот амбасадор во Тел Авив Огуз Челиккол и го дочекаа недолично. Турскиот амбасадор пред камерите беше принуден да чека пред просторијата во која се предвидуваше да се одржи средбата. Потоа беше седнат на една пониска фотелја во споредба со израелските домаќини. Приемот на турскиот амбасадор од страна на израелските претставници воопшто не беше срдечен. На крајот беше објавено дека целиот овој процес беше остварен свесно со намера на Турција да и се упати остра порака.

Веднаш потоа Турската влада и министерството за надворешни работи остро реагираа на недоличниот израелски начин на однесување. Најострата реакција пристигна од претседателот на републикава Абдулах Ѓул кој рече дека во случај до 13-ти јануари навечер да не пристигне официјално извинување од страна на Израел, Турција ќе го повлече својот амбасадор од Тел Авив. На тој начин на Израел му беше поставен ултиматум што значеше дека ќе се укинат дипломатските односи со Израел. Во тие рамки беше соопштено дека дури амбасадорот Челиккол започнал со подготовките за враќање во Турција. Токму во еден ваков кризен период на сцена настапија израелскиот претседател Перес и премиерот Нетанјаху на чии иницијативи беше испратено бараното писмо со извинување до Турција. Исто така и самиот заменик министер Ајалон се појави на телевизиските канали и самиот лично се извини поради недоличниот начин на однесување така што зборовите ги започна со изразот цитат: „Чувствувајќи голема почит кон турскиот народ ... и.т.н“. Врз база на ваквиот развој на настаните турското министерство за надворешни работи соопшти дека заврши кризата со Израел.

Кризите меѓу Турција и Израел што започнаа во 2009 и продолжија во 2010 гледано од аспект на начинот на окончување имаат големо значење. Две од наведените можеме да ги издвоиме бидејќи имаат посебно значење. Гледано од историски аспект можеме да кажеме дека турско израелските односи поминуваат низ еден сосема различен период. Имено Турција во споредба со минатото денес е во многу посилна позиција. Впрочем Турција денес на многу поостар начин ги критикува грешките и прекршувањата на Израел. Овие критики повремено можат да содржат и доза на обвинување за геноцид, а исто така по потреба и ултиматум. Ако се земе во предвид податокот дека Израел има одреден имунитет и привилегираност, тогаш не треба да се заборави дека ова е првпат Турција да може толку гласно и јавно да го допре имунитетот на Израел.

Што е позначајно, покрај сите критики, денес не пристигнуваат реакции од силното израелско лоби во светот како и САД. На пример Турција не се казнува со ембарго и слични санкции. Напротив и натаму продолжуваат симпатиите на американската управа, Израел и еврејското лоби кон Турција. Како што може да се согледа од кризата со неидентичните фотелји, дури во Израел се забележуваат жестоки дискусии во врска со Турција. Израелските орли како министерот за надворешни работи Либерман се остри кон Турција, а пак од гулабите како што е израелскиот министер за одбрана Барак пристигнуваат симпатии.

Сиве овие настани покажуваат колку е голема силата и привлечноста на Турција. На прашањето: „Што е причината за силата и привлечноста на Турција?“ - според професорот Ѓозен, одговорот гласи:

„Накратко да резимираме дека изворот на силата и привлечноста на Турција произлегува од геополитичката, геокултурната и геоекономската позиција. Турција се наоѓа во центарот на трите континенти и особено меѓу исток и запад, север и југ како и центарот на исламскиот, христијанскиот и еврејскиот свет. Затоа ваквата централна позиција на Турција и дава посебна сила и моќ. Гледано од аспект на бројноста на популацијата Турција е западно ориентирана земја, со демократско уредување и поредок, секуларна и либерална земја. Гледано од аспект на културата Турција е земја која се држи настрана од насилството и радикализмот. Од стратешки аспект пак Турција следи мировна регионална политика особено со Ирак, Палестина и Сирија. Од економски аспект Турција е либерална земја, западно ориентирана и има силна економија. Исто така се наоѓа на раскрсницата на енергетските извори меѓу исток и запад. Гледано од аспект на сиве наведени карактеристики можеме да кажеме дека Турција има шанси и моќ да ги обликува односите на Блискиот Исток, Кавказ, Балканот, Медитеранот и во Европа.

Толку значајна земја како што е Турција не можат да ја занемарат, запостават и изгубат ниту Израел и САД, ниту пак другите западни земји. Кризите што беа доживеани во последниот период преставуваат јасен показател за сето тоа.





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site