Posted 06.02.2010 10:18:43 UTC Updated 06.02.2010 10:33:42 UTC
Претседателот на Турската Република Северен Кипар Мехмет Али Талат истакна дека интервенцијата на институциите на ЕУ врз преговарачкиот процес на Кипар без да располагаат со детални информации за кипарскиот проблем, го отежнува решавањето на проблемот на островот.
Претседателот Талат вчера во Брисел учествуваше на состанокот во организација на Европскиот политички центар при што ги информираше присутните во врска со последната состојба во преговарачкиот процес на Кипар.
Потсетувајќи дека има потреба од позитивна поддршка на меѓународните механизми, Талат рече дека обидите за интервенција на Европскиот парламент со нацрт-извештајот за Турција му наштетуваат на преговарачкиот процес на Кипар.
Талат истакна дека институциите на ЕУ изнесуваат мислење во однос на кипарскиот проблем без притоа да располагаат со детални информации по прашањето.
Претседателот на Турската Република Северен Кипар Мехмет Али Талат побара интервенциите од надвор да бидат конструктивни и неутрални и истакна дека доколку навистина се сака да се постигне решение ЕУ треба да ги поттикнува кипарските Грци во оваа насока и да ги укине изолациите врз Турската Република Северен Кипар. |