Posted 07.02.2010 13:50:13 UTC Updated 07.02.2010 13:50:13 UTC
Во рамките на вториот круг од претседателските избори денес во Украина 37 милиони избирачи ќе гласаат за новиот претседател.
Гласањето во Украина започна во 8 часот по турско време а ќе заврши во 20 часот.
На претседателските избори во Украина се натпреваруваат проруско ориентираниот кандидат Виктор Јануковиќ и премиерката Јулија Тимошенко.
Страната која ќе изгуби се очекува веднаш по објавувањето на резултатите од изборите да се пожали на манипулации со гласовите на гласачките кутии.
Конечниот исход на резултатите се очекува да биде определен од страна на Украинското правосудство.
Имено Украина во последниот период се наоѓа во голема економска криза и политичка нестабилност.
|