Posted 23.02.2010 14:57:26 UTC Updated 23.02.2010 14:57:26 UTC Потпретседателот на владата Али Бабаџан истакна дека наместо спасување на изгледот на владите од кризата треба да спроведуваат долгорочни и реални политики.
Вчера Али Бабаџан во Истанбул учествуваше на состанокот на Асоцијацијата на европските трговски и индустриски комори - Еурочембрс и истакна дека кризата во западно европските земји е поголема и се почувствува многу подлабоко, подвлекувајќи дека ваквиот развој на настаните може неповолно да се одрази врз процесот на проширувањето на ЕУ.
Првиот потпретседател на Еурочембрс воедно актуелен претседател на Унијата на индустриските и трговски комори и берзи на Турција (ТОББ) Руфат Хисарџиклиоглу рече дека неприфатливо е тоа што сеуште се спроведуваат визи за турските граѓани како земја членка на царинската унија и се соочува со проблеми во транспортот. |