Posted 22.01.2010 11:46:25 UTC
Updated 22.01.2010 14:48:16 UTC
Зарем она што е значајно не е да се успее да се остане во мислите волку долго време дури и по смртта, а не само додека се живее ?
Воедно и примерот кој ќе го слушнеме денеска, е единствен на светот. Ионака и не е можно да се сретнеме со некој друг. Ќе ви дадеме еден пример од Мустафа Кемал кој дури и кај својот најголем непријател создавал извонредно голема почит. Каква моќ е тоа што грчкиот врховен командант Трикопис неговиот непријател чии армии ги потопил во морето, без никакво присилување, без никаков притисок за време на секој празник на Републиката оди во турската амбасада во Атина, застанува пред сликата на Ататурк и му оддава почит.
Единствениот лидер кој може да побуди една ваква почит кај својот најголем непријател, е Мустафа Кемал.
Да ви раскажеме за две настани од 1938 година.
Американскиот генерал Мек Артур го доживуваше својот најтежок, најпроблематичен и најкритичен период. Еден ден се обрати кон повеќе од 120 лица кои беа околу него и го рече следново:
“Што се не бил дал наместо сите вас во моментов да го видам Мустафа Кемал со неговиот талент.“
Повторно во 1938 година еден ирански поет во еден техерански весник, по смртта на Ататурк напиша една песна. Еве два стиха од таа песна:
“Ако Аллах сака да и помогне на една земја, ако сака да и ја подаде својата рака, на нејзино чело ќе донесе лидер како Мустафа Кемал “.
Овојпат се наоѓаме во 1976 година. Организацијата за Наука и Култура УНЕСКО која беше формирана во 1946 година, по Втората светска војна, во својство на специјално надлежна организација на ОН, достави еден предлог до своите членови. Еден израз во предлог-пакетот го привлече вниманието на членовите: Во реченицата се велеше следново: “ Имињата на сите проекти на кои работи УНЕСКО, се дадени од страна на Мустафа Кемал “. Предлогот пак, беше 100-от роденден на Ататурк да се слави во ист момент во сите 152 земји членки на Организацијата.
Шведскиот делегат веднаш одкако го слушна овој предлог стана на нозе и алегорично рече: “ Што, на светот има толку голем број државници. Зарем вака ќе го славиме денот на раѓање на сите нив ? “
На овие зборови, веднаш на нозе стана Советскиот делегат кој удри со својата тупаница на масата, и обраќајќи им се на делегатите на 152 земји го рече следново:
“Би сакал да го потсетам мојот млад другар делегат дека Ататурк не личи на било кој лидер на светот. Оставете го тоа што ќе се сеќаваме на него еднаш годишно, сите земји, при сите наши проблеми него треба да го бараме како решение “.
Што ли стана потоа?
УНЕСКО за прв пат и само еднаш во својата историја, без ниту еден воздржан и негативен глас, го прифати предлогот со гласовите на сите 152 земји. Оној кој најпрвин ќе требаше да го фрли својот потпис беше Шведскиот делегат. Одкако го фрли својот потпис, дојде пред микрофонот и рече: “ Јас го истражував Ататурк. Се извинувам од сите земји и првиот потпис го фрлам јас “.
Во тој извонреден документ кој што едногласно беше прифатен од сите 152 делегати, под насловот: “Кој е Ататурк?“, беше напишано следново:
“Ататурк е висока личност која вложила напори на патот на меѓународното разбирање, соработката и мирот; Револуционер кој реализирал извонредни револуции; Првиот лидер кој војувал против експлоатацијата и експанзионизмот; Личност која покажува почит кон човековите права; Предводник на светскиот мир; Личност која во текот на целиот свој живот не правел разлика помеѓу луѓето по бојата на нивната кожа, јазикот, религијата и расата; Единствен државник и основоположник на Република Турција “.
Сега сакаме со вас да споделиме еден спомен во врска со Ататурк како државник.
Овој спомен, ги изнесува приврзаноста и воодушевувањето на големиот Турчин кон Републиката. Овој спомен ни го пренесува Хулуси Ќојмен-правник и пратеник кој живеел од 1891 до 1965 година и кој воедно бил и тогашен министер за национална одбрана.
Па да слушнеме:
“Ататурк по патот за Муданја, патуваше за Бурса. На скелата го беа опколеле голем број лица. До него се доближи една жена со една хартија в рака. Беше слаба жена. Застана пред Ататурк и со треперлив глас рече:
- Ме позна ли синко? Јас ви бев комшија во Солун. Имам еден син, сака да се запосли во железничките линии. Вие рековте да го примат, но директорот повторно не го примил на работа. Ве молам еднаш речете му и вие.
Очите на Ататурк со челичен поглед светнаа со искреност. Со правење на широки гестови со своите раце и со висок глас рече:
- Зарем не го примија твојот син? Зарем не го примија и покрај тоа што јас наредив? Колку убаво… Многу добро направиле… Ете Републиката ќе се разбере така…
Жената се изгуби меѓу толпата. И, Ататурк речиси со поносен и висок глас извика: “Ете го резултатот што го очекувавме од Републиката... “
Овој спомен, заземаше место во Списанието Улудаг кое беше објавено во 1941 година, од страна на Хулуси Ќојмен еден од пранешните мнистри за национална одбрана, правник и пратеник.
Дојдовме до крајот на уште едно продолжение, во кое ќе се збогуваме со следниве зборови на Ататурк во врска со цивилизирањето и неговото значење:
“Моето уверување беше и е постојано дека оние кои сакаат да живеат во како човек во вистинска смисла на зборот, треба во себе да ги согледаат својствата и моќта да се биде човек… Треба да се задоволат со секој вид пожртвованост за тоа… Во спротивно ниту еден цивилизациски народ не ќе сака да ги види нив на своја страна.“