Posted 07.02.2010 13:29:03 UTC Updated 07.02.2010 13:29:03 UTC Реакција на министерството за надворешни работи до американската амбасада во Анкара.
Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Бурак Озуергин во врска со интервјуто на американскиот амбасадор Џејмс Џефри за еден турски весник рече дека американскиот амбасадор Џефри требаше да биде повнимателен и да ги избегне одговорите на поставените прашања во врска со внатрешната политика на Турција.
Според дипломатските традиции од амбасадорите се очекува да ги избегнуваат коментарите во врска со внатрешната политика на земјата во која се наоѓаат.
Портпаролот Озуергин потенцираше дека американскиот амбасадор Џефри требаше да има почувствителен приод кон ова прашање, подвлекувајќи дека американскиот амбасадор Џефри требаше да ги избегне одговорите на поставените прашања во врска со внатрешната политика на Турција.
|