Posted 06.02.2010 11:07:41 UTC Updated 06.02.2010 11:07:41 UTC
Индексот на обврзниците на Истанбулската берза дневно се намали за околу 3,75-оттсо.
Светските берзи се наоѓаат под силен притисок на продажба.
По Грција, почна да владее загриженост и за економиите на Португалија и Шпанија, што пак станува причина за притисок врз берзите.
Експерти истакнуваат дека неизвесноста за тоа какво решение ќе се изнајде за земјите од еврозоната кои се соочуваат со проблемот на висок буџетски дефицит, станува причина за појава на вознемиреност.
Од друга страна, по соопштените податоци за невработеност за една недела во Америка кои беа полоши од очекувањата, вчера беше соопштен и неочекуваниот пад во вработувањето надвор од земјоделството за јануари, што пак предизвика разорачаност.
Азиските берзи вчера го доживеаја најголемиот пад во последните 5 месеци, Европските берзи забележаа пад и вчера.
По неодлучното отворање акциите на Њујоршката берза повторно беа во минус. |