ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Грчката економија под лупа
Остри критики на Европската централна банка на сметка на Грција
Posted 28.01.2010 14:53:38 UTC
Updated 28.01.2010 14:53:38 UTC

Европската централна банка остро ја критикуваше Грција поради високиот буџетски дефицит и неправилното пренесување на податоците за државните долгови. Претседателот на Централната европска банка Жан Клод Трише изјави дека Грција треба да следи цврста финансиска политика за покривање на буџетскиот дефицит како и поправање на финансиската состојба. Буџетскиот дефицит во 2009 година изнесуваше 12.7 отсто, додека државниот долг изнесува 113 отсто од вкупниот бруто национален доход по жител поради што Европската комисија одблиску почна да се интересира со економијата на Грција.

Неконтролирањето на државните потрошувачки како и неповолното влијание на глобалната економска криза, предизвикаа Грција да потпадне во еден тежок економски процес. Имено како последица на глобалната криза во последните две години во Грчката економија владее рецесија. Грчката економија во 2009-та година во споредба со претходната доживеа рецесија од 2.7 отсто, во приватните потрошувачки беше забележано намалување од 1.4 отсто, додека според претпоставките во бруто инвестициите дојде до намалување од 16.5 отсто. Паралелно со ваквиот развој на настаните невработеноста достигна 9 отсто. Според податоците од различни извештаи во 2010 во грчката економија се очекува да продолжи рецесијата. Ваквата состојба пак ќе предизвика сериозни последици за Грција која има големи државни долгови особено од аспект на позицијата во Евробласта. Според нацрт буџетот за 2010, во рамките на 2010 година државниот долг на Грција се очекува да порасне за 120.8 отсто. Според истиот нацрт буџет буџетскиот дефицит во 2009 кој изнесуваше 12.7 отсто во 2010 се очекува да се намали на 9.1 отсто. Трите светско угледни институции за кредибилитет кои се незадоволни од економската состојба на Грција ја намалија оценката за кредибилитет на земјата.

Да се потсетиме дека според критериумите од Мастрихт на ЕУ, буџетскиот дефицит на една земја членка на ЕУ во споредба со бруто националниот доход по жител не треба да изнесува над три отсто. Грција даде гаранција дека во 2009 година буџетскиот дефицит ќе го намали на 3.7 отсто. Со зголемувањето на даночните стапки како и санкциите против затајувањето на данокот се планираше да се зголемат приходите. Меѓудругото со казнување на нелегалните станбени надополнувања на недвижнините т.е. станбените објекти и домовите се планираше да се обезбедат дополнителни приходи во износ од 1.1 милијарда евра. Откако беше утврдено дека не може да се постигне успех во оданочувањето на станбените надополнувања, на 27 април 2009 Грција беше земена под контрола на европската комисија. Комисијата од Грција бараше во текот на 2010 година буџетскиот дефицит на бруто националниот доход по жител да го намали под 3 отсто.

По предвремените парламентарните избори на 4 октомври 2009 партијата ПАСОК која дојде на власт наместо цврста економска политика која ќе ги отежне животните услови како и загриженоста од евентуалното намалување на поддршката на народот, државната дисциплина вложува напори да ја оствари на поумерен начин. Впрочем грчкиот премиер Јорго Папандреу на 14 декември 2009 во еден говор истакна дека буџетскиот дефицит ќе можат да го симнат под три отсто дури во 2013 година. Како резултат на притисокот на Брисел, грчката влада на 5 јануари 2010 во програмата што ја објави соопшти дека ќе вложи напори буџетскиот дефицит да го намали под три отсто во 2012 година.

За намалувањето на буџетскиот дефицит од 12.7 отсто на 3 отсто и тоа во период од само три години треба да се преземат остри мерки и санкции како и даночни политики. Од друга страна пак Грција за да може да ги намали државните потрошувачки треба да оствари низа реформи во полето на социјалната безбедност и осигурување како и образованието. Според еден извештај на Работната група за стареење на популацијата на европската комисија, цената на чинење на пензионирањето во споредба со бруто националниот доход по жител во 2060 година ќе изнесува 15.9 отсто. Додека истата вредност за земјите од Еврорегиоот се планира да изнесува 4.8 отсто. Како последица на процесот на стареење во Грција во претстојните години постои можност да дојде до нарушување на грчкиот социјален систем.

Спроведувањето на потребните мерки за надминување на економските неповолности од претходната влада, од политички аспект нема да биде лесна работа за владата на Папандреу. Имено спроведувањето на наведените мерки и санкции покрај тоа што ќе ја потресе довербата на народот во владата на Папандреу, исто така може да предизвика и сериозни последици и социјална криза особено ако се земат во предвид зачестените улични демонстрации во Грција.





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site