ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Турција уште еднаш ја повтори целосната поддршка на Косово
На официјална покана на претседателот на Републиката Абдуллах Ѓул, косовскиот претседател Фатмир Сејдиу престојуваше во посета на Анкара.
Posted 03.02.2010 09:34:09 UTC
Updated 03.02.2010 12:58:49 UTC

Фатмир Сејдиу вчера во претседателскиот дворец во Чанкаја беше дочекан со официјална церемонија од страна на претседателот на Републиката Абдуллах Ѓул.

На заедничката прес-конференција на двајцата претседатели, Абдуллах Ѓул вети дека Турција ќе го поддржува Косово во процесот за членство во ЕУ и НАТО, додека косовскиот претседател Фатмир Сејдиу привлече внимание кон значењето на Турција за признавање на неговата земја од страна на меѓународните актери.

„Турција ќе продолжи да го поддржува Косово за да го продолжи оваа земја одлучно својот пат. Ние веруваме дека тогаш кога ќе дојде време Косово силно ќе го заземе своето место во евроатлантските структури, во НАТО и во меѓународните институции како што се Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Веќе станува збор за влез на Косово во сиве овие институции и Турција е посебно горда од сето тоа." - рече претседателот на Републиката Абдуллах Ѓул.

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу пак, велејќи: „Турците кои живеат во Косово и косоварите кои живеат во Турција се златниот мост на нашата соработка и пријателство", посака да продолжи поддршката на Турција за признавање на Косово од страна на меѓународните актери и за негово членство во ЕУ и НАТО.

Сејдиу во рамките на своите разговори во Анкара вчера имаше одделни средби и со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција Мехмет Али Шахин и премиерот Реџеп Тајјип Ердоган.

На средбата Шахин-Сајдиу беше истакнато дека Турција и Косово се едногласни за унапредување на своите меѓусебни силни и коренити односи до уште повисок степен.

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу по реалзиираните разговори со државниот врв во Анкара учествуваше и на свеченото отворање на Центарот за примена и истражување за Југоисточна Европа при Анкарскиот Универзитет.

Во говорот што го одржа во оваа прилика, Сејдиу и се заблагодари на Турција за поддршката на неговата земја, а воедно упати повик и до Србија.

Фатмир Сејдиу истакна дека ќе дојде ден кога и српската влада ќе ја земе во предвид волјата на граѓаните и институциите на Косово и рече: „Вон трагедијата и катастрофата за што се одговорни, ние веруваме дека кај Белград треба да постои волја за преземање на оваа одговорност."

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу воедно побара од Белград да ја обелодени судбината на над две илјади цивили на Косово кои се водат како исчезнати.

Министерот за надворешни работи на земјава Ахмет Давутоглу кој исто така имаше средба со Сејдиу рече дека Турција секогаш ќе продолжи да стои покрај Косово и Балканот општо.

Освен тоа Давутоглу потсети дека дојде времето за обликување на иднината на балканските земји со една нова перспектива.





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site