Posted 03.02.2010 13:15:01 UTC
Updated 03.02.2010 13:15:01 UTC
Во нашата земја чиј поголем дел е покриена со планини, во повеќе од 20 градови во текот на повеќе од шест месеци има снег кој се постила како бела покривка. Задоволството од снег е поинакво. Таа мирна тишина, светлината што се шири, крцкањето на снегот под чизмите, снегулките што паѓаат на вашиот нос... Сето тоа ја претставува волшебноста на снегот. Освен тоа секако постои и една забавна страна на снегот, а тоа е лизгањето. Згора на тоа во областите кои што се месеци остануваат покриени со снег, освен овој спорт чија тежина е преобразена во задоволство, има и голем број други видови спортови и тоа сноуборд, санка, лизгалка или боб санка, уметничко лизгање, моторна санка и слично... Луѓето се натпреваруваат, дури се организираат и олимпијади, земјите се сплотуваат со посредство на снегот.
Нашата земја која со климата и географската структура располага со еден силен потенцијал, изобилството од планински области го преобразува во предност и го раздвижува планинскиот туризам.
На скијачките центри кои што ги има во секоја област, од запад до исток и од север до југ, доаѓаат илјадници домашни и странски туристи. Турција за зимскиот туризам ја избираат особено руските и европските туристи. Источна Анадолија со реализираните инвестирања и проектите е дојдена во положба на светски центар за зимскиот туризам. Во Турција има приближно 20 скијачки центри од кои можеме да ги наброеме, Планината Давраз кај градот Испарта, Ерџијес кај Кајсери, Паландоќен кај Ерзурум, Улудаг кај Бурса, Илгаз кај Чанкири и Кастамону, планината Ќороглу кај Болу, Зигана кај Ѓумушхане и Картепе кај Коџаели.
Скијачките центри во Турција можат да се посетат со еднодневни или неколку дневни посети. Во секој скијачки центар има приватни хотели, а во некои центри има и објекти за престој во државна сопственост.
Нашето патување по познатите скијачки центри на Турција го започнуваме со планината Улудаг кај градот Бурса.
Планината Улудаг се наоѓа 36 километри јужно од Бурса. Скијачкиот центар Улудаг располага со поволни услови за алпско и нордиско скијање, како и тур скијање и скијање со хеликоптер или хели-рајдинг. Освен скијањето, во зимските спортски објекти има и услови за активности како што сноуборд, бигфут, уметничко лизгање и моторна санка. На скијачкиот центар Улудаг постојат услови за зимски спортови од 20 декември до 20 март.
Скијачкиот центар Карталкаја во близина на градот Болу се наоѓа во границите на националниот парк Ќороглу. Во скијачкиот центар Карталкаја има 9 ски лифта и 2 жичари. Зимската сезона почнува на 15 декември, а завршува на 15 март.
Паландоќен е скијачки центар кој се избира најмногу од страна на странските туристи и се наоѓа во јужниот дел на градот Ерзурум. Најповолно време за скијање е периодот од 10 декември до 10 мај. На врвот на планината Паландоќен кој се нарекува Бујукеждер, односно Голем змеј, може да се искачите по две различни патишта и тоа од скијачкиот центар и од Башќој на јужната падина на планината Паландоќен.
Сакликент се наоѓа на планините Беј во средоземноморската област на оддалеченост од 50 километри од градот Анталја. Во зависност од врнежите од снег скијачката сезона трае два или три месеци.
Скијачкиот центар во Илгаз се наоѓа во границите на градовите Кастамону и Чанкири, во националниот парк Илгаз, а скијачката сезона трае од декември до април.
Сарикамиш се наоѓа во југоисточниот дел на градот Карс и на надморска височина од 2.634 метри. Најповолно време за скијање е периодот од 20 декември до 20 март.
Сарикамиш и околината располагаат со мошне поволни услови за алпско и нордиско скијање, како и тур скијање.
Ерџијес се наоѓа на 25 километри јужно од градот Кајсери. Високите делови на планината која е изгаснат вулкан во секое годишно време од годината се покриени со снег и секогаш се погодни за планински спортови.
Туристичкиот центар за зимски спортови Зигана се наоѓа во близина на магистралниот пат што ги поврзува црноморската и источно анадолската област и се наоѓа на оддалеченост од 3 километри од тунелот Зигана, најдолгиот тунел на Турција.
Картепе кој е еден од новите скијачки центи на зимскиот туризам се наоѓа веднаш на излезот на Коџаели, во месноста Машукије. При искачување на врвот, меѓу дрвја со широки лисја на двете страни на патот, можете да ги набљудувате од птичја перспектива езерото Сапанџа и заливот Измит. Во Картепе се наоѓаат најголемите скијачки писти на Турција. За скијање се користи местото наречено Кади конаги кое се наоѓа меѓу Картепе, Гејикалани и Ќурекдаги.
Овде го завршуваме нашето патување по скијачките центри во нашата земја, но на крајот би сакале да ве информираме дека 25-та Зимска Универзијада 2011 година, ќе се одржи на скијачките центри на планината Паландоќен, кај градот Ерзурум.