ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Ататурк во спомени 03
Писмото со одговор од Пијер Лоти до Ататурк и размислувањата на познатиот книжевник Фалих Рифки Атај во врска со големиот лидер.
Posted 19.01.2010 12:46:25 UTC
Updated 19.01.2010 15:45:46 UTC

Продолжуваме од онаму каде што застанавме минатата недела. Ќе се сетите им одделивме место на зборовите на големиот лидер Ататурк кои заземаа место во писмото што го напиша до турскиот пријател Пијер Лоти. Денес ќе го прочитаме одговорот на Пијер Лоти.

Ататурк во писмото што го напиша во деновите кога Пијер Лоти лежеше болен на смртна постела и го испрати до него, му се заблагодари во име на својот народ и во сопствено име со изнесување на големи пофалби и му посака на овој турски пријател што побрзо да оздрави. Ова писмо со одговор, Ататурк заедно со едно сеџаде исткаено од страна на децата на загинатите борци во Домот за сираци во Конја, го испрати до претставникот на националната влада во Париз Ферид Беј, за да му биде предадено на Пијер Лоти. Ферид Беј откако ги прими писмото и сеџадето, својата сопруга Муфиде Ферид Ханим и двајца свои службенции ги испрати во Рошефор каде живееше Пијер Лоти. Делегацијата лично му ги врачи на Пијер Лоти писмото и подарокот на Ататурк.

Но за жал, во тие денови Пијер Лоти беше многу болен. Лоти беше многу воодушевен од посетата на Муфиде Ханим и од писмото на Ататурк, а поготово сеџадето што беше исткаено од страна на децата на загинатите турски борци му ги насолзи очите. По неколку дена, на 12 Јануари 1922 година, на негово барање неговиот личен секретар до Ататурк го напиша следното писмо:

“ Пречесен Маршал;

Господинот Пијер Лоти многу беше воодушевен од тоа што го прими писмото напишано лично од ваша страна и килимот исткаен од страна на сираците чии татковци го положиле животот за вашата света борба, како и од посетата на госпоѓата амбасадорка на анкарската влада Муфиде Ферид и делегацијата во нејзина придружба, кои дојдоа во име на вашата голема личност. Не знаеше како да се заблагодари на оваа висока љубезност и благонаклоност, која му ги насолзи очите. Најмалку оваа своја благодарност требаше да ја напише лично со свој ракопис. Но за жал тој е лишен од тоа. Во моментов многу е болен. Од борбата што ја водеше во полза на вашата сакана татковина, беше многу исцрпен и тажен од исмејувањата на христијанска Европа-како грчки симпатизер.

Затоа ве моли да не му замерите. Тој наоѓа утеха во она постојано пријателство и во еланот на турскиот народ.

До Вас и во Ваше име, до членовите на Големото Народно Собрание на Турција, ја доставува својата најсрдечна благодарност. Со тоа што ова го доставувам до Вас, ќе извршам една горда должност пречесен Маршал. Жан Бергер. “

Ова писмо кое што на барање на Пијер Лоти беше напишано од страна на неговиот секретар, со посредство на нашата амбасада во Париз му беше доставено на Ататурк. Но за жал, Пијер Лоти чија болест стануваше се потешка, по извесно време на совет на лекарите беше сместен во една болница во градчето Хендаје во близина на границата со Шпанија, каде што во 1923 година и почина.

“И Ататурк беше човек кој се лутеше и караше, се помируваше, потоа повторно се караше, понекогаш се однесуваше по сопствена воља, повремено остануваше под влијанието на извесно оговарање и одеше до неправедно однесување, потоа се каеше поради тоа, згора на тоа ја сакаше шегата, сакаше да се пошегува, беше природен човек, кој личеше на вас и на мене “.

Овие зборови му припаѓаат на познатиот книжевник Фалих Рифки Атај кој се стекнал со шанса долги години да се најде во непосредна близина на Ататурк и кој ги запишувал спомените на Ататурк… Атај поголемиот дел од својот живот од 1923 до 1938 година го помина во непосредна близина на Ататурк, во Чанкаја. Според писателот; Ататурк беше извонреден политичар кој го доближуваше секој до своите тајни онолку колку што ги ценеше неговите идеи и карактер и постојано многу добро ги сфаќаше деталите на уметноста на советување. Тој беше последната голема личност од Македонија. Според Фалих Рифки Атај, поголемиот дел од оние кои се нашле на маса со него го слушаа само со своите уши и затоа многу пати се беа излажале.

Ататурк поради тоа што сакаше да биде лидер кој само не заповеда, туку воедно е и доверлив, кој буди верба и обврзување, понекогаш избираше комплицирани патишта за да ги зачуди оние кои не беа премногу интелигентни и умни. Неговиот начин на раскажување не личеше ниту на читање на својот Говор, ниту на своето пишување. Имаше стил на раскажување кој што повремено одеше кон оној сладок румелиски говор, маѓепснички тон кој што продираше во срцето на неговиот соговорник, и неговото раскажување беше колоритно така што на човек не му се здосадуваше да го слуша. Колку ли претпазливи критичари кои наоѓаа можеби многу малку нешта што им се допаѓаше кај луѓето, лесно запаѓаа во неговиот привлечен говор и начин на раскажување.

Воедно и хуманоста на Ататурк беше така да се каже измесена од желба и апетит, амбиции, воодушевувања, гордост и гнев, безволност и сила, внатрешно чувство, удолнини и угорнини. Неговото дело доаѓа од длабочините на оваа негова хуманист и е родено од изворите на таа хуманост. Идната недела ќе продолжиме да говориме за споемните на Ататурк и тоа со мисла не да го селектираме Ататурк, туку со мисла да го анализираме сеопфатно и целосно како одреден дел на природата.

Денешното продолжение го завршуваме со еден афоризам.

Ататурк вели: “ Да ме видите мене, не значи да го видите само мојот лик. Доволно е да ги сфаќате и чувствувате моите мисли, моите идеи и моите чувства“.





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site