ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Г Р У П А М А Н Г А
Музичка номинација на МТВ за "Најдобар европски изведувач"
Posted 31.01.2010 09:56:13 UTC
Updated 31.01.2010 10:05:56 UTC

Запознавањето на вокалистот Ферман Акѓул роден 1979 година во Анкара со музиката започна на девет – десетгодишна возраст со едно пијано кое му го купи семејството. Во 1998 година, периодот кога се запиша на Архитектонскиот факултет при универзитетот „Гази“ се запозна со првите групи со кои почна да свири. По солистичката кариера во хардкор групата „Вирџин Пипл“ во која влезе да свири турнтабле, младиот Ферман со текот на времето свиреше како тапанар во „Колик“ и „Слободен Џан Онеј“ како и групата „70лик“. По долгогодишната соработка со групата „70лик“, стана член на групата „Севен“ чиј бас гитарист беше Џем Бахтијар. Потоа одреден период направи пауза во својата музичка кариера. Кон крајот на 2001 година, на покана на Озѓур стана член на новоформираната група манга која сеуште немаше солист.

Гитаристот Јагмур Сариѓул познат како „Јамјам“, роден 1979 година во Анталија, уште од основно училиште се стекна со музичко образование. Пред да започне да свири гитара, Јагмур се стекна со музичко образование по пијано и виолина. На конзерваториумот Хаџетепе учеше парт-тајм пијано, на универзитетот Билкент подготвителна настава за виолина, а потоа на одделот за гитара на Факултетот по музичко образование при универзитетот „Гази“ свиреше научи да свири гитара. До 2001 година Јамјам свиреше во групите „Латерна“ и „6/8“, а кон крајот на 2001 година заедно со колегата од факултетот Орчун Шеќеруста ги фрлија темелите на групата Манга. Во периодот од 2006 до 2008 кога се снимаше албумот “Şehr-i Hüzün” (Град на тагата) Јамјам ја презеде улогата на помошник продуцент.

Бас-гитаристот Џем Бахтијар, роден 1979 година во Денизли, првиот чекор кон професионалната музика го фрли со бас-гитара што му ја купи семејството во трето одделение за успешното свидетелство. По завршувањето на основното образование на конзерваториумот на општината Денизли и гимназијата, Џем со студиите на универзитетот Билкент започна една година подоцна. По тригодишниот живот без музика за време на високото образование, Џем вклучувајќи се во групата „Севен“ чиј вокалист беше ферман, повторно почна да свири бас-гитара. По одвојувањето на првиот бас-гитарист Орчун Шеќеруста од групата поради приватни причини, Џем стана член на групата maNga.

Тапанарот Озѓур Џан Онеј роден 1980 година во Анкара почна да свири на тапани додека беше ученик во гимназија земајќи часови од Ѓурџан Конанч. Учествувајќи во аматерски групи свиреше на гимназиските прослави. Во периодот на студентските денови кога студираше на одделот за Астрономија и вселенски науки на Факултетот за природни науки на Анкарскиот универзитет ја формираше групата „70лик“ со кој свиреше по различни барови и манифестации во Анкара како и ковер концерти и програми. На тој начин го фрли првиот чекор кон професионалната музичка кариера. Во меѓувреме зеде учество во снимањето на два демо албуми на групата „Лудачка кошула“. Истовремено помагаше во творењето на музиката за некои театарски претстави. Потоа се приклучи на групата Манга.

Турнтабле Ефе Јилмаз роден 1979 година во Анкара, по завршувањето на средното образование во гимназиите Ќоксал Топтан и Чанкаја, се запиша на факултетот за компјутерски науки на Универзитетот Западна Флорида. На враќање во Турција се запиша на одделот за менаџмент на Анадолскиот универзитет. Со музика почна да се бави свирејќи тапани, додека со диск-џокејството од типот „Old School” со кое сакаше да се бави подолг период започна во групата Манга.

НОМИНАЦИИ

Музичка номинација на МТВ за "Најдобар европски изведувач"

* 2002: Второ место на натпреварот “Sing Your Song”

- Членот на групата Јагмур Сариѓул добитник на наградата за најдобар музичар во 2002 * 2005: Награди на ПОПСАВ

- Најдобра рок група и најдобар спот

* 2005: Награда Златна пеперутка на Хуријет

- Четирикратен добитник за најдобра дебитантска група

* 2006: Награда на МУЈАП

- Награда „Златна плоча“ за најпродаден албум во периодот кога дебитираше

* 2006: Списание Our Future; Најдобра група

* 2006: ТВ награди Jetix; Најдобра група

* 2006: Оскар на Beyaz Show: Најдобар перформанс

* 2006: Културно уметнички награди Кемал Сунал: најдобра дебитантска група

* 2006: Награди ПОПСАВ; Најдобра рок и алтернативна група и најдобар спот: Ќе нацрташ една жена (Bir Kadın Çizeceksin)

* 2007: Радио Богазичи; Најдобар анимационен клип (Yalan - Лага)

* 2007: Награда на Каналтурк; Најдобар спот: Ќе нацрташ една жена (Bir Kadın Çizeceksin) и најдобра група

* 2007: технички универзитет Јилдиз: Награда за најдобра група

* 2009: МТВ ЕМА 09; Најдобар турски изведувач

 






Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site