ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Претседателот Ѓул вчера го прими Торбјорн Јагланд
Јагланд нагласи дека Турција и Европската Унија имаат идентични основни вредности
Posted 08.02.2010 15:52:13 UTC
Updated 08.02.2010 15:52:13 UTC

Претседателот Ѓул пред да замине во посета на Индија и Бангладеш во Анкара го прими генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд. Во оваа прилика стана збор за растечките сепаратистички струења во светот, за сојузот меѓу цивилизациите како и за прашања на релација Турција – Европската Унија.

Осврнувајќи се на целите и задачите на советот на Европа претседателот Ѓул меѓу другото напомна дека Советот на Европа има големо значење во воспоставувањето на човековите права и демократијата, така да посебен акцент стави на улогата на Советот во креирањето на општите и темелни стандарди на тоа поле.

Посочувајќи на се поочигледните примери на нетрпеливост и непријателство спрема странците во дел од земјите во светот, претседателот Ѓул уште еднаш ја нагласи улогата и значењето на Советот на Европа во надминувањето на овие негативни појави.

Претседателот Ѓул се задржа и на проектот Сојуз меѓу цивилизациите за кој рече дека треба да претставува база за унапредување и поттикнување на меѓусебното разбирање.

Генералниот секретар на Советот на Европа Јагланд нагласи дека Турција и Европската Унија имаат идентични основни вредности, и дека чувствува задоволство од тоа што Турција ја има улогата на предводник на истите тие вредности во нејзиното пошироко опкружување.





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site