ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Јуроњуз од денес почнува да емитува на турски јазик
Меѓународниот информативен телевизиски канал Јуроњуз од денес ќе почне со емитување на 24 часовна програма на турски јазик.
Posted 30.01.2010 10:13:57 UTC
Updated 30.01.2010 13:38:04 UTC

Емитувањето на турски јазик на Јуроњуз кое се реализира во соработка со турската државна радио-телевизија ТРТ, се оценува како значаен чекор и во процесот на Турција на патот за пристапување кон ЕУ.

Инаку, Јуроњуз кој емитува во 121 земја во светот и е формиран во 1992 година на иницијатива на Европската радиодифузна унија, е информативен телевизиски канал кој врши јавна радиодифузна услуга.

Јуроњуз може да се следи и преку интернет и емитува на германски, арапски, шпански, француски, англиски, италијански, португалски и руски, а од денеска и на турски јазик.

На свеченото отворање на сервисот на турски јазик на Јуроњуз што ќе се одржи во Истанбул ќе учествува и премиерот Реџеп Тајјип Ердоган.

Јуроњуз на турски јазик со посредство на 34 сателити ќе емитува во целиот свет.

Инаку, меѓу акционерите на Јуроњуз е и Турската државна радио-телевизија ТРТ и тоа со 15,70-отсто од акциите така што Советот за контрола на овој меѓународен информативен телевизиски канал со учество и на ТРТ ќе се состои од 14 членови.





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site