Posted 03.02.2010 09:48:52 UTC Updated 03.02.2010 09:48:52 UTC
Фатмир Сејдиу во рамките на својата официјана посета на Анкара одговараше на прашањата на Турската државна радио-телевизија ТРТ, при што правејќи проценка на одлуката на ЕУ за укинување на визниот режим за српските пасоши истакна дека доколку тоа се стави во примена заедно и со останатите чекори за либерализација ќе се стави крај на затегнатоста меѓу земјите во регионот.
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу подвлече дека Турција достави и продолжува да доставува голема политичка, воена и економска помош на Косово и му се заблагодари на турскиот народ за поддршката на неговата земја. |