ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
55,3-отсто од Турците го поддржуваат членството во ЕУ
Според анкетата „Јавноста и турската надворешна политика“ на Центарот за истражување и примена за европските заедници при Анкарскиот Универзитет (АТАУМ) 55,3-отсто од Турците го поддржуваат членството во ЕУ.
Posted 27.01.2010 12:59:35 UTC
Updated 28.01.2010 15:42:46 UTC

Центарот за истражување и примена за европските заедници при Анкарскиот Универзитет (АТАУМ) ја заврши својата анкета „Јавноста и турската надворешна политика“. Од анкетата во која беа анкетирани 1032 испитаници од 9 градови и тоа Анкара, Истанбул, Измир, Адана, Дијарбакир, Ерзурум, Конја, Артвин и Невшехир, беа добиени интересни резултати.

55,3-отсто од анкетираните на прашањето: „Дали сакате Турција да стане членка на ЕУ“ одговорија со „Да“, а одговорот на 25,2-отсто беше „Не“. Воедно 16,1-отсто од лицата на ова прашање одговорија дека „Не е важно“, што пак претставува процент кој не може да се омаловажи.

32,8-отсто од испитаниците одговорија дека полноправното членство на Турција во ЕУ нема да се оствари никогаш. 20,5-отсто предвидеа дека евентуалното членство може да се оствари по 5 до 10 години, 17,1-отсто по 11 до 15 години, 15,2 отсто по повеќе од 20 години, 9,5-отсто од 16 до 20 години, а 4,8-отсто во период пократок од 5 години.

На прашањето „Дали според вас ЕУ е доверлива и искрена кон Турција?“ 83,9-отсто од анкетираните лица одговорија со „Не“. Процентот на лицата кои одговорија позитивно на прашањето изнесува 11,6-отсто. Од сиве овие добиени резултати се гледа дека анкетираните лица и покрај тоа што посакуваат Турција да стане членка на ЕУ, сметаат дека ЕУ не е доверлива и искрена. Од тоа произлегува и распространетоста на ставот дека членството на Турција нема да се оствари во блиска иднина или никогаш.

На прашањето „Кој е најголемиот проблем во односите меѓу Турција и ЕУ:“ 32,4-отсто од испитаниците одговорија со „разликата во религијата и идентитетот“, а потоа со 15,8-отсто следеше „Кипар“ и 14,4-отсто „економските проблеми на Турција“.

Кога ќе се направи анализа според возраста, се забележува дека членството на Турција во ЕУ се поддржува од мнозинството од анкетираните лица помеѓу 18 и 58 годишна возраст. Меѓутоа, во некои истражувања се уочува дека кај младите кои се нарекуваат генерација Ерасмус и за кои се претпоставува дека се поотворени кон надвор, и не постои некоја поголема надвласт во однос на желбата за членство во ЕУ во споредба со другите возрасни групи. Дури и не може да се омаловажи процентот на лицата од оваа возрасна група кои во врска со членството на Турција во ЕУ, одговорија дека „Не е важно“.

И покрај тоа што од сиве овие резултати може да се заклучи дека продолжува поддршката на членството во ЕУ, одговорите на анкетираните лица на прашањата околу тоа кога ќе се оствари членството на Турција и степенот на доверливост и искреност на ЕУ, стануваат причина за различни коментари.

Неодамна беше одржана седница на Европскиот парламент посветена на Турција. На седницата беше дискутирано за демократизацијата во Турција и притоа Шпанија во својство на привремен претседавач со ЕУ и Европската комисија ги изнесоа своите усмени аргументи по прашањето. На седницата за збор се јавија и членовите на Европскиот парламент, кои особено нагласија дека Турција има потреба од цивилен устав и истакнаа дека преговарачкиот процес е од стратешко значење од аспект на исполнувањето на нормите на ЕУ од страна на Турција.

Шпанскиот државен секретар за ЕУ Диего Лопез Гаридо истакна дека досието на Турција е тешко досие и рече дека преговарачкиот процес треба да продолжи. Велејќи: „Членството на Турција во ЕУ, е значајно и за Унијата и за Турција“, Гаридо го нагласи и тоа дека преговорите имаат стратешко значење од аспект на приближувањето на Турција кон ЕУ. Истакнувајќи дека Турција остварува напредок во сфери како што се човековите права, еднаквоста меѓу жената и мажот, спречувањето на измачувањето и правата на малцинствата, шпанскиот државен секретар за ЕУ Диего Лопез Гаридо до Европскиот парламент ја достави и пораката дека на Турција треба да и се испрати јасна порака за нејзиното членство во ЕУ.

Холандскиот европарламентарец од Либералната група Јоханес Корнелис ван Бален пак, го рече следното: „Не треба да имаме приод со предрасуди кон Турција и веќе е јасно што треба да се направи во текот на преговарачкиот процес. Мошне е значајно воспоставувањето на демократијата. ЕУ треба да ја поддржува демократизацијата во Турција.“

Шпанскиот европарламентарец од Социјалистичката група Инес Ајала Сендер исто така истакна дека го поддржуваат членството на Турција во ЕУ и рече: „Ние го поддржавме приближувањето на Турција кон Унијата. Од овде сакам да го упатам следниот повик до Советот на ЕУ и до Европската комисија; Треба повторно да разговараме за процесот на преговорите на Турција и да овозможиме да се постигне напредок.“

Романскиот европарламентарец од Социјалистичката група Јон Енциу пак, го рече следното: „Јас го поддржувам членството на Турција во ЕУ. Турција треба да постигне напредок во сферата на човековите права. Привремениот претседавач со ЕУ треба да отвори нови поглавја во преговорите. Турција ја посетив по изминати 20 години и видов дека постигнала голем напредок.“





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site