ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Анадолски легенди 03
Во врска со кралот на Фригија Мидас се раскажуваат голем број легенди за неговиот живот и смртта... Меѓутоа тој најмногу се прославил со своите магарешки уши, или по тоа што се што ќе допрел претворал во злато.
Posted 28.01.2010 14:29:44 UTC
Updated 28.01.2010 14:29:44 UTC

Легендата за кралот Мидас со магарешки уши се раскажува вака:

Богот на нивите и ливадите Пан еден ден шетал по ливадите и ја нашол флејтата што ја изумила божицата Атена, но поради тоа што чувствувала дека станува грозна додека свири ја фрлила оваа флејта. Пан почнал да свири на оваа флејта која поради тоа што била изумена од страна на една божица испуштала многу убави звуци и по извесно време почнал да верува дека тоа претставува негова дарба за свирење и да мисли дека може да се натпреварува дури и со богот Аполон. По ова Аполон под услов оној кој ќе победи да може да му стори се што ќе посака на оној кој ќе изгуби, одлучил да се натпреварува со богот на нивите и ливадите Пан. Музите и кралот на Фригија Мидас кои му биле другари на богот Аполон станале судии на натпреварот. Аполон почнал да свири многу убави песни кои што наоколу ечеле прекрасно. Богот на нивите и ливадите Пан со својата флејта исто така засвирел прекрасни песни. Овде судиите западнале во двоумење и не можеле да одлучат кој свири поубаво. Богот Аполон овојпат почнал да свири на својата лира. Толку многу убави песни засвирел што биле затресени дури планините и карпите.

Богот на нивите и ливадите Пан бил приморен да признае дека не може да свири убаво колку Аполон и да го признае поразот. Аполон во согласност со договорот го казнил богот на нивите и ливадите Пан со смрт. Притоа не одминал да го казни и кралот на Фригија Мидас кој за време на натпреварот бил на страната на богот на нивите и ливадите Пан и тврдел дека тој свири поубаво. Богот Аполон бил многу налутен и велејќи: „Ушите кои што не се способни да ја одделат убавата од лошата музика не може да се човечки уши. Затоа тебе подобро би ти личеле магарешки уши“, ушите на Мидас ги претворил во магарешки. Мидас толку многу се засрамил од овие негови уши кои што наеднаш пораснале што за да би ги прикрил постојано шетал со ќулавка на глава. Меѓутоа, еден ден берберот кој му ја шишал косата ги приметил неговите големи уши. Кралот Мидас го помилувал берберот под услов да не му каже никому за тоа. Сепак берберот тешко ја држел оваа тајна. Ќе пукнел, а да не му каже некому. Од друга страна му било страв, бидејќи знаел дека доколку ја каже оваа тајна ќе биде убиен. На крај не можел повеќе да издржи и решил тајната да му ја каже на еден бунар. Се наведнал и силно на сет глас извикал дека Мидас има магарешки уши. Оваа тајна водата во бунарот им ја шепнала на трските, а трските на ветрот. Потоа ветрот ја развеал оваа тајна. На тој начин целата земја за кусо време ја научила тајната на Мидас...

Поука која што може да се извлече од оваа легенда, е следното: “Тајната за која знаат двајца, веќе не е тајна.“

Една друга легенда која се раскажува во врска со кралот Мидас кој од страна на богот Аполон бил казнет со тоа што ушите му биле претворени во магарешки, гласи вака: Еден сатир по име Силенос кој му бил стар сопатник на богот на виното Дионис шетајќи ја Фригија заспал во градината со ружи на Мидас. Според митологијата сатирите се суштества полу човек полу животно, со козји нозе и со шилести уши. Ете еден од тие видови суштества бил и Силенос. Слугите на Мидас го нашле Силенос во градината со ружи, го украсиле со ружи од глава до петици и го однеле кај кралот. Мидас го дочекал Силенос со насмевка на лицето и го угостил точно десет дена и десет ноќи. На крајот од десеттиот ден кралот на Фригија Мидас го фатил Силенос за рака и го однел кај богот на виното Дионис, кој пак толку се израдувал поради тоа што повторно го нашол својот стар сопатник му рекол на Мидас дека од него може да посака се. Кралот без да размисли на Дионис му рекол дека се што ќе допре сака да се претвори во злато и дека друго ништо не сака...

Богот ја исполнил оваа негова желба и се смеел во себе мислејќи што ќе се случи вечер кога Мидас ќе седне на трпеза. Сиротиот Мидас дури откако огладнел и седнал на трпезата сфатил каква желба посакал. Се што ќе допрел и ќе се обидел да ја стави во својата уста се претворало во злато. Ако го фател лебот веднаш се претворал во злато... Ако земал јаболко и тоа веднаш се претворало во златно јаболко... Истото се случило и со градината со ружи која се претворила во градина од златни ружи... Мидас веднаш отрчал кај Дионис... Почнал да плаче и да му се моли: „Те молам да ја расипеш оваа магија. Многу сум гладен, но не можам да јадам ништо.“ Богот Дионис му рекол да оди и да се искапе во реката Пактолос и дека тогаш магијата ќе се расипе. Кралот Мидас веднаш отрчал и се искапел во реката Пактолос. Потоа се вратил во својот дворец и добро се најал и напил... Ете оваа убава легенда која раскажува за тоа дека тајната на среќата и радоста не е во богатството и дека алчноста не го усреќува човека, му се препишува на Мидас...

Нели тоа е легенда, оние кои сега гледаат во реката во која се капел кралот Мидас, забележуваат златни песочни зрнца во водата.

Во идното продолжение од оваа наша програма ќе бидеме заедно во една друга анадолска легенда.





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site