Posted 08.02.2010 15:48:44 UTC Updated 08.02.2010 15:48:44 UTC
Претседателот Абдулах Ѓул кој престојува во официјална посета на Индија ги започна разговорите со своите домаќини во Њу Делхи.
Претседателот Ѓул најпрвин се состана со турските бизнисмени а за денес се очекува да му биде доделена титулата почесен доктор на универзитетот Амити. Според програмата за утре е предвидена средба со индискиот претседател, а нешто потоа и со претседателите на политичките партии на Индија, на позицијата и на опозицијата.
Претседателот Ѓул на 12 овој месец ќе замине за Бангладеш,каде ќе има средби и разговори со претставниците на владата и бизнисмените. Претседателот Ѓул на 13 ти ќе се врати во земјава. |