ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Анадолски легенди 05
Распространета легенда во Анадолија е и легендата Шахмаран. Шахмаран е персиски збор, а според некои француски. На персиски значи шах или господар на змиите и потекнува од изразот Шах-и Маран.
Posted 26.02.2010 13:42:47 UTC
Updated 26.02.2010 15:49:10 UTC

Шахмаран е надприродно суштество со глава на човек и тело на змија. Затоа според изгледот се симболизира како змија или змеј. И покрај тоа што фигурите на змија во основа се поврзуваат со лошотија или несреќа, Шахмаран со човечка глава ги симболизира плодноста, берикетот и мудроста. Сликите на Шахмаран за кои што во Анадолија се верува дека носат среќа ги красат ѕидовите на куќите особено во јужната и југоисточно анадолската област. Има голем број преданија за Шахмаран, но тие во основа се слични меѓусебе и има разлики само во имињата на местата и лицата. Преданието за Шахмаран во Мардин се разликува од она во Чукурова. Преданието во Тарсус пак, гласи вака:

Според верувањето на луѓето, шахот односно господарот на змиите Шахмаран живеел во една средновековна црква на 15 километри северо-источно од Тарсус. Оваа тврдина која пристигнала до денес се наоѓала во подрачјето Мисис во Тарсус. Според преданието сите змии живееле во оваа тврдина. Нивниот господар Шахмаран било натприродно суштество чии очи можеле да гледаат дури до неколку километри далеку. Еден ден Шахмаран ја видел убавата ли убава ќерка на бегот односно господарот на Тарсус додека се бањала во амамот и веднаш се заљубил во неа. Ја побарал од нејзиниот татко бегот на Тарсус, но бидејќи тој се плашел од него, а и поради тоа што го наоѓал грозен не сакал да му ја даде својата ќерка. Потоа Шахмаран одлучил да ја грабне ќерката на бегот. Ги направил потребните подготовки и дошол дента кога убавата девојка повторно била во амам. Меѓутоа, луѓето на бегот разбрале за тоа и го убиле Шахмаран во амамот. Ете оттогаш овој амам почнал да се нарекува амам Шахмаран. На ова змиите во тврдината кои разбрале дека нивниот господар е убиен го поплавиле градот и ги каснале сите луѓе со што се осветиле за смртта на нивниот господар...

Една друга варијатна за ова предание кое се раскажува во градот Мардин и околината гласи вака: Според легендата, Шахмеран која живеела во тврдината на змиите во подрачјето на Тарсус, се раскажува дека живеела седум слоја под земјата во градот Мардин. Преданието започнува вака: Овие змии кои биле познати по името Меран биле многу мудри и добронамерни. Им придавале големо значење на другарството, пријателството и љубовта и живееле во мир и радост. На чело на овие змии Меран се наоѓала нивната принцеза Шахмеран. Шахмеран која била млада и убава жена никогаш не стареела и тогаш кога ќе умрела нејзиниот дух поминувал во телото на нејзината ќерка.

Според легендата, лице кое се сретнало со Шахмеран било Џамсаб кој бил син на едно сиромашно семејство. Џамсаб еден ден заедно со своите другари нашол една бездна полна со мед, но поради алчноста на своите другари откако медот бил потрошен бил оставен во оваа длабока бездна. Ова младо момче со својот нож што го носело ископало една друга дупка од која преминало во една поширока просторија. Заспало и откако се разбудило видело дека околу него се собрале голем број змии и змејови. Тогаш до него дошла Шахмеран која била полу жена полу змија и почнале да зборуваат. Џамсаб и раскажал за изневерата која му била направена. Шахмеран слушала она за што и раскажал Џамсаб и му ветила дека ќе го извади од бездната. Меѓутоа, побарала младото момче да му вети дека до крајот на својот живот нема да му каже никому за местото каде живее. Шахмеран му дала храна доволна за него и неговото семејство и го извадила од бездната. Така по изминато долго време еден ден се разболел владетелот на земјата во која живеел Џамсаб, Ќејхусрев. Везирот рекол дека владетелот може да се спаси само ако јаде од месото на Шахмеран и побарал секој да биде донесен во амамот. Џамбас најпрвин се спротивставил, но потоа насилно бил однесен во амамот. И откако влегол во амамот неговото тело било покриено со крлушки. На тој начин итриот везир го препознал Џамбас кој извесно време живеел меѓу змии. Џамбас не можел да издржи од измачувањето и за да се спаси ја покажал бездната во која живеела Шахмеран.

Така Шахмеран била извадена од бездната и веднаш откако го видела Џамсаб ги изговорила следните зборови: „Јас знаев дека не може да се има доверба во човекот, но ете повторно сум излажана.“ Пред да умре повторно му направила уште едно добро на Џамсаб на кого му рекла дека откако ќе ја убијат ќе ја варат во глинен сад и ќе му дадат да ја испие првата сварена вода за која рекла да не ја испие, а бидејќи е отровна. Му рекла да ја испие втората сварена вода, а од нејзиното месо да јаде владетелот. Џамсаб кој направил онака како што му кажала Шахмеран првата сварена вода дал да ја испие везирот, а втората сварена вода ја испил самиот. Месото на Шахмеран пак, му го дал на владетелот. Везирот кој ја испил отровната вода умрел, владетелот за кусо време оздравел и за свој везир го назначил Џамсаб. Во оваа легедна се раскажува за верноста и добронамерноста на Шахмеран која за возврат на тоа била изневерена од страна на човекот.

Во некои извори пак, се раскажува дека лице кое најпрвин се сретнало со Шахмеран бил Локман. Во секоја легенда за Шахмеран за која се раскажува, станува збор за тоа како била убиена Шахмеран. Главна цел на овој ист крај, односно на убивањето на Шахмеран пак, е стекнувањето на човекот со своето здравје. Така дури во некои легенди прилично долго се раскажува за начинот на запознавање на Локман Хеким и Шахмеран и се вели дека Шахмеран му покажала на Локман Хеким кои растенија се лековити.

Според некои преданија Шахмеран која била кралица на змиите живеела под земјата. Според други пак, се вели дека Шахмеран живеела во тврдината на змиите. Тврдината на змиите која низ историјата била значаен центар на Чукурова и на низината Киликија од античкиот период, во овие видови преданија кои се раскажуваат меѓу народот со својата местоположба над карпите сеуште ја продолжува својата надвласт над низината. Име за кое од страна на народот се смета дека му наликува, секако дека е тврдина Шахмеран. За јунакот на тврдината пак, во оваа тажна легенда се раскажувало од уста на уста и оваа легенда пристигнала до денес, а по примерот на сите јунаци во легендите ќе продолжи да се зборува и во иднина.

За денеска толку. Во идната програмска содржина ќе бидеме заедно во една друга Анадолска легенда.





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site