Posted 13.03.2010 09:37:15 UTC Updated 13.03.2010 09:37:15 UTC
Амбасадорот на Турција во Стокхолм Зерѓун Корутурк која по усвојувањето на нацрт-предлогот во шведскиот Парламент за признавање на ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година беше повикана на консултации, вчера допатува во Турција.
Истакнувајќи дека гласањето во шведскиот Парламент ќе влијае на односите помеѓу Турција и Шведска, амбасадорот Зерѓун Корутурк рече: „Шведскиот Парламент не требаше да донесе една ваква одлука."
Корутурк во изјавата што ја даде веднаш откако пристигна на аеродоромот Ататурк во Истанбул истакна дека Парламентот на една земја која знае за значењето на Турција и која му придава голема важност на тоа, не требаше да донесе една ваква одлука.
„Прифаќањето на еден толку неоснован предлог на еден ваков начин, само за задоволување на група луѓе и заради придобивање на гласовите на некои средини на изборите, навистина пред се не и доликуваше на една толку напредна земја како Шведска. Како ќе се одрази сето тоа на билатералните односи, тоа секако е во надлежност на владата, но јас сметам дека ќе се одрази многу сериозно."
На прашањето на еден новинар: „Какво влијание имаше оваа одлука на шведската влада?" , амбасадорот Зерѓун Корутурк одговори со зборовите. „Мислам дека и тие жалат многу и се шокирани поради оваа одлука. Доколку се свесни дека тоа претставува голема грешка, секако дека треба да ги изнајдат и методите за поправање на истата."
Амбасадрот на Турција во Стокхолм Зерѓун Корутурк додаде дека директивата за враќање во Анкара, пристигнала веднаш по резулатот од гласањето во шведскиот Парламент. |