ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Мевлут Чавушоглу претседател на ПАСЕ
Изборот на Мевлут Чавушоглу за претседател на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) и нацрт-одлуката посветена на Турција подготвена од страна на известувачот на Европскиот парламент за Турција Риа Омен-Руијтен.
Posted 03.02.2010 13:01:43 UTC
Updated 03.02.2010 13:55:08 UTC

Минатата недела за прв пат еден турски парламентарец во историјата на Советот на Европа, пратеникот на владејачката Партија за правда и развој (АКП) од Анталја Мевлут Чавушоглу, беше избран за претседател на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа. По изборот на оваа значајна функција Чавушоглу рече: „Никогаш не сум замислувал дека ќе станам претседател на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа како претставник на 800 милиони жители.“ Мевлут Чавушоглу на функцијата претседател на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа беше избран на местото на досегашниот претседател шпанскиот парламентарец Луис Мариа де Пуч, а беше кандидиран од страна на европската демократска група како единствен кандидат.

За прв пат еден парламентарец во Парламентарната асамблеја на Советот на Европа од Турција која е конститутивна членка на организацијата од 1949 година, седна на претседателската фотелја со мандат од две години. Мавлут Чавушоглу два мандата е член на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа и е познат по неговото активно делување во различни комисии.

По изборот на Чавушоглу за претседател на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа, Турција во ноември 2010 година со мандат од 6 месеци ќе ја преземе и функцијата привремен претседавач со Комитетот на министри како одлучувачки орган на Советот на Европа.

Мавлут Чавушоглу веднаш по изборот одржа говор на кој се осврна на значењето од создавање на Европа која ќе покажува почит кон разликите, ќе ја негира дискриминацијата и нема да биде изградена над чувства како што се страв и гнев. Истакна дека имиграциите не треба да се оценуваат како закана туку како прилика и рече: „Треба да го зајакнеме дијалогот меѓу религиите и културите.“ Привлекувајќи внимание особено кон борбата против расизмот, Чавушоглу во својот говор рече: „Треба да водиме борба против расизмот, непријателството кон исламот и евреите и секој вид нетолеранција и дискриминација.“

Осврнувајќи се и на односите меѓу Турција и ЕУ, Мевлут Чавушоглу истакна дека ЕУ треба повеќе да ја поттикнува Турција и да не поставува препреки пред неа, дека владата во Турција решително ги продолжува реформите и дека истите ќе продолжат за издигнување на стандардите на демократијата. Чавушоглу рече дека во неговиот избор на функцијата претседател на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа влијаеше и напредокот на Турција во сферата на човековите права и демократијата. Потсетувајќи дека за прв пат меѓу земјите членки на Советот на Европа за претседател на Парламентарната асамблеја е избран парламентарец од една земја источно од Виена, Мевлут Чавушоглу истакна дека оваа функција досега постојано ја извршуваа парламентарци од само 10 земји и дека неговиот избор претставува значајна порака и за останатите земји.

Нацрт-одлуката и предлозите за измени посветени на Турција кои што беа подготвени од страна на известувачот на Европскиот парламент за Турција Риа Омен-Руијтен, беа прифатени во Комисијата за надворешни односи на Европскиот парламент со 60 гласа за, наспроти 11 воздржани. Инаку, одлуките и извештаите кои се прифаќаат во Европскиот парламент немаат обврзувачки карактер во преговарачкиот процес на земјите кандидати за членство во ЕУ, меѓутоа Европскиот парламент на крајот од преговарачкиот процес со земјите кандидати треба да го усвои нивното членство.

Во голем број предлози за измени на Демохристијаните, Либералите и Социјалистите беше доста отежнат параграфот за Кипар. Известувачот Риа Омен Руијтен на прес-конференцијата што ја одржа по гласањето, истакна дека за отежнување на параграфот за Кипар се одговорни Социјалистите и Либералите.

Во нацртот се вели дека со задоволство се дочекува стратегијата во реформата во судството и како додаток на неутралноста на судството и неговата специјализација турската влада се поттикнува во правец на придавање специјално значење на усогласувањето на судството со стандардите на Европскиот суд за човекови права, како и ставање во примена на стратегијата за реформа во судството без задоцнување. Во нацртот на Омен Руијтен се осудуваат терористичките акции во Турција и се бара од терористичката организација ПКК да го положи оружјето, да стави крај на насилството и да одговори на политичката иницијатива на владата.

Членот на Социјалистичката група во Европскиот парламент Емине Бозкурт во својата изјава во врска со извештајот рече: „Изразите во извештајот на Европскиот парламент за Турција во врска со Кипар немаат придонес за решение. Во моментов во тек се преговорите на Кипар и ние треба вниманетално да го избегнуваме негативното влијание врз преговорите кои што продолжуваат. Прифатените параграфи во извештајот во врска со Кипар се далеку од придонес за решение.“

Членот на Либералната група во Европскиот парламент Метин Казак исто така рече дека се против параграфите за Кипар кои што во последен момент беа внесени во извештајот. Казак застана и во одбрана на тоа дека параграфите не помагаат во изнаоѓањето решение за проблемот на Кипар.

И покрај тоа што нацрт-одлуката на Европскиот парламент за Турција за која беа поднесени 243 предлози за измени, нема обврзувачки карактер, истата е значајна од аспект на изнесување на погледот на Европскиот парламент кон Турција, по минатогодишните избори.

За нацрт-одлуката за Турција се предвидува да се дискутира на пленарната седница на Европскиот парламент што ќе се одржи на 10 февруари, а наредниот ден ќе се одржи и конечното гласање за истата.





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site