Posted 03.02.2010 15:28:31 UTC
Updated 03.02.2010 15:28:31 UTC
Германскиот весник „Велт ам Сонтаг“ кој во веста под наслов „Турција е дел од Европа“ го објавува интервјуто на шпанскиот министер за надворешни работи и привремен претседавач со ЕУ, Мигуел Ангел Моратинос.
Во веста се истакнува дека министерот Моратинос изјави дека во претстојниот период ќе вложат напори за отворање на уште четири поглавја со Анкара и дека го подржуваат процесот на пристапувањето и членството на Турција во ЕУ.
Весникот ја објавува следната изјава на министерот Моратинос кој рече: „Турција е дел од Европа. Турската дипломатија има силни врски со Блискиот Исток, Мала Азија и Централна Азија и е значаен посредник. Покрај тоа Турција е значаен фактор за дијалог меѓу источната и западната цивилизација“.
Германскиот весник „Келнер Штат Анцајгер“ го објавува интервјуто на Ѓинтер Верхоген членот на Европската комисија кој рече дека денес геостратешката припадност на Турција на Европа има поголемо значење од секогаш. Европа не е само христијански клуб. Ако можеме да ја согледаме интеграцијата на една муслиманска земја во основата на европската демократија, човековите права и слободи и правната држава, тогаш тоа ќе има голем придонес кон развојот на односите меѓу запад и Исламскиот свет. Што значи дека Турција ќе ја зајакне ЕУ од економски и политички аспект.
Францускиот весник Дерниер Нувел д'Алзас истакнува дека за нов претседател на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа беше избран турскиот парламентарец Мевлут Чавушоглу. По тој повод весникот ја објавува изјавата на Мевлут Чавушоглу кој рече дека е многу среќен и горд поради тоа што е прв Турчин и најмлад претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“ веста за изборот на Мевлут Чавушоглу за претседател на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа ја објави под наслов „Голем престиж за Анкара“.
Германскиот весник „Дер Тагесшпигел“ истата вест ја објави под наслов „Горд ден за Анкара“.
Пакистанскиот весник "Д Натион" објави вест во која се истакнува дека наскоро се очекува да започне патничката железничка линија меѓу Исламабад и Истанбул.
Првиот воз контејнер на пат од Исламабад тргна на 14 август 2009 и преку Техеран на 28 август пристигна во Истанбул.
Весникот истакнува дека пробите со возови контејнери претставуваат почеток на патничките возови.
Министерот за федерални железници на Пакистан Гулам Ахмет Билоур во изјавата за печатот подвлече дека прашањата околу царините и другите технички прашања биле средени меѓу трите држави.
Пакистанскиот весник „Њус“ истакнува дека железничкиот проект меѓу Исламабад и Истанбул ќе го забрза карго транспортот од Пакистан преку Турција за Европа.
За обновата на железничката линија меѓу Исламабад и Истанбул, Пакистан и Турција ќе потрошат околу 20 милијарди долари истакнува весникот потенцирајќи дека одлуката беше разгледана на средбата меѓу пакистанскиот претседател Асиф Али Зердари и претседателот на републикава Абдулах Ѓул.
Грчкиот печат широко место посветува на одговорот на премиерот Реџеп Тајип Ердоган на писмото на грчкиот премиер Папандреу што го испрати во ноември.
Грчкиот весник „Елефтеротипиа“ истакнува дека премиерот Папандреу го прифати предлогот на премиер Ердоган за формирање Висок комитет за деловна соработка и премиерот Ердоган го покани да ја посети Атина.
Според претпоставките посетата се очекува да се оствари на лето, истакнува весникот.
Весникот ја објавува изјавата на премиерот Ердоган кој писмото на грчкиот премиер Папандреу го оцени како писмо на добра волја кое влева надеж.
Весникот ја објавува изјавата на министерот за надворешни работи на земјава Ахмет Давутоглу за еден ТВ канал кој во освртот на писмото на грчкиот премиер Папандреу истото го оцени како писмо кое беше напишано со добра волја и конструктивен дух.