Posted 07.02.2010 13:22:19 UTC Updated 07.02.2010 13:22:19 UTC
Министерот за надворешни работи на земјава Ахмет Давутоглу изјави дека има потреба од нова визија за Блискиот Исток.
Во говорот што го одржа на панелот „Безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток“ во рамките на 46-та Безбедносна конференција во Минхен, министерот Давутоглу рече на Блискиот исток има потреба од реактивна политика посочувајќи дека палестинските деца имаат исто толку големо значење како и израелските.
Осврнувајќи се на приоритетното значење од признавање на границите во регионот министерот Давутоглу подвлече дека Турција е на страната за формирање Палестинска држава на Блискиот Исток.
Турција во регионот не сака ниту една земја да има нуклеарно оружје рече министерот Давутоглу подвлекувајќи дека вложуваме напори за целосно укинување на истото во целиот свет.
Ние немаме потреба од ова оружје. Ние сме под заштита на НАТО. Единствената потреба од нуклеарната енергија е за зајакнување на економијата, подвлече министерот Давутоглу.
|