Posted 07.02.2010 13:32:26 UTC Updated 07.02.2010 13:32:26 UTC
Американскиот конгрес и годинава го зеде на дневниот ред разгледувањето на предлог законот на управата на Обама со кој граѓаните се повикуваат немилите настани од 1915 година да се оценат за геноцид.
Нацрт законот ќе биде разгледан на 4-ти март во Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом.
Претседателот на комитетот од Демократската партија Хауард Берман изјави дека сакаат нацрт законот истиот ден да го достават на гласање до Претставничкиот дом.
Ваквиот став предизвика големо задоволство кај здруженијата на Ерменската дијаспора која доби силен удар од зближувањето меѓу Турција и Ерменија.
Американскиот претседател Обама во минатогодишната порака што ја објави по повод 24 април избегна да го употреби изразот геноцид така што настаните од 1915 година ги оцени за Голема несреќа.
Во тие рамки беа објавени коментари дека управата на Обама беше внимателна во однос на прашањето за да не дојде до пореметување на односите со Турција и да не се нанесе штета на процесот на зближувањето меѓу Анкара и Ереван.
Ерменската дијаспора со внесувањето на нацртот во процес на усвојување пред 24 април има за цел да го зголеми притисокот врз Анкара.
|