Posted 13.03.2010 09:49:36 UTC Updated 13.03.2010 09:49:36 UTC
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон водеше телефонски разговор со ерменскиот претседател Серж Саркијсан.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Филип Кроули истакна дека во телефонскиот разговор станало збор за процесот за нормализирање на турско-ерменските односи.
Кроули рече дека Клинтон и Саркисјан разговарале и за процесот на групата Минск и прашањето за Нагорно Карабах.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Филип Кроули истакна дека Хилари Клинтон го поканила ерменскиот претседател Серж Саркисјан и на самитот за нуклеарно разоружување што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
|