Posted 07.02.2010 13:13:57 UTC Updated 07.02.2010 13:13:57 UTC
Претседателот на републикава Абдулах Ѓул изјави дека турската поддршка на Авганистан ќe продолжи со голема решителност.
Според соопштението објавено од претседателскиот прес центар, авганистанскиот претседател Карзаи по телефон го побара претседателот Ѓул и му се заблагодари за четвртиот троен состанок меѓу Турција, Авганистан и Пакистан на тема „Самит на пријателството во срцето на Азија“ што се одржа кон крајот на јануари во Истанбул.
Авганистанскиот претседател Карзаи меѓудругото на претседателот Ѓул му се заблагодари за пофалните зборови на сметка на Авганистан во говорот што го одржа на неофицијалниот состанок на министрите за одбрана на НАТО.
Претседателот Ѓул на телефонскиот разговор уште еднаш ја изрази турската поддршка и помош на Авганистан подвлекувајќи дека истата ќе продолжи и во претстојниот период.
|