ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss
Слушајте ги нашите емисии
Вести
08.09.2010
 
Емисии
08.09.2010
Интервју
Мелпомени Корнети-Амбасадор на РМ во Анкара
Јасна Бачовска - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Биљана Ангелова - Професор на Универзитетот Кирил и Методиј
Агим Селами - Менаџер и Координатор на Програмата за Јавна Администрација на Аналитика
Балкански економски самит во Истанбул 26.11.2008
 
Регионалната економска соработка на Балканот
По пресвртниот период што го доживеаа Балканските земји во 1990-те години, во првите 8 години на 2000-та година постигнаа економски пораст од над 5 отсто.
Posted 21.01.2010 15:47:54 UTC
Updated 21.01.2010 15:47:54 UTC

Додека за глобалната криза не беа спремни. Како последица на глобална криза, Балканските земји не само што влегоа во процес на економска рецесија ами дојде и до влошување на меѓусебните политички односи, поради што продлабочувањето на економската соработка може да се стекне со улога на еден нов почеток.

Ако се осврнеме на основното економско влијание на глобалната криза врз Балканските земји, можеме да кажеме дека во регионот дојде до пораст на невработеноста и кај луѓето почна да преовладува чувството да не се изгуби работата. Впрочем невработеноста беше сериозен проблем кај Балканските земји. На пример, невработеноста на Косово во 2007 година изнесуваше 43 отсто, во Македонија 35.2 отсто, во Црна Гора 30 отсто, во Босна и Херцеговина 29 отсто. Како последица на глобалната криза дојде до пад во индустриското производство и намалување на процентот на извозот. Од друга страна пак се намали уделот на кредитите што се доделуваше на приватниот сектор, исто така се намали приливот на девизните средства од дијаспората како и директните странски инвестиции во споредба со претходните години. Според претпоставките на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) вкупниот износ на директните странски инвестиции во 2009 година во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Романија и Србија изнесува само половина од средствата во 2007 кои изнесуваа 27.74 милијарди долари.

Негативното влијание на глобалната криза врз Балканот не се одрази само на економијата. Како последица на кризата дојде до забавување на реформите кај западно балканските земји на патот за пристапување во ЕУ. На сличен начин, ЕУ која се фокусира на борбата против кризата како да го заборави Балканот. Наспроти ваквиот развој на настаните процесот на помирување меѓу Балканските земји како и изнаоѓање мировно решение на постоечките прашања и проблеми влегоа во фаза на стагнација. Гледано од овој аспект ако се земе во предвид севкупното влијание на кризата нема да претераме ако кажеме дека најголеми жртви на глобалната криза беа токму западно Балканските земји.

Од аспект на економските принципи кои се спроведуваат Балканските земји се делат на две поткатегории. Во првата категорија се наоѓаат земјите членки на ЕУ како што се Грција, Бугарија и Романија. Тоа се принципите на ЕУ со кои се регулираат деловните работи на пазарите во овие три земји. Бавењето со деловни активности во овие земји зависи од обезбедувањето и спроведувањето на различни стандарди и стекнување со одредени дозволи. Сите овие наведени елементи можат да претставуваат пречка во развојот на трговската и економската соработка на регионално ниво. Во Втората категорија пак се наоѓаат Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Освен Албанија, останатите балкански земји во втората категорија до 1990 та година се наоѓаа под ист кров, односно во рамките на една иста федерација, поради што на пазарите на овие земји беа спроведени исти принципи, закони и стандарди. Поради наведените причини пак постои поповолна атмосфера за унапредување и развој на натамошната економска соработка.

Централноевропски договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006) е најголемата придобивка до денес од аспект на економската соработка меѓу Западно балканските земји. Освен овој договор се вложуваат големи напори за остварување на договорот за енергетска заедница на ЕУ со западно балканските земји, како и постигнување и потпишување на Договорот за заедница за транспорт и врски. Но за жал пречките вон тарифите сеуште претставуваат сериозна пречка за ослободување на трговијата во западен Балкан. Од друга страна пак бидејќи сеуште нема поволна легална и институционална рамка, продолжуваат проблемите во натамошната енергетска и транспортна соработка меѓу западно балканските земји. Во утврдувањето на сиве овие проблеми трговските и индустриските комори можат да одиграат предводничка улога. Додека за надминување на постоечките проблеми и прашања трговските и индустриски комори, националните влади, регионалните иницијативи под покровителство на институциите на ЕУ треба да изнајдат начин за зголемување на своите активности и влијание.

Индустријата на западно балканските земји немаат доволен капацитет да одговорат на увозните барања на ЕУ. Додека од аспект на задоволување на барањата на регионот состојбата е поповолна. Трговските и индустриските комори можат да го поттикнат производството на индустриските производи на регионално ниво. Со евентуалното зголемување на бројот на фирмите и компаниите во различни западно европски земји како и зголемување на инвестициите може да се придонесе во оживување на индустриското производство на регионално ниво. На тој начин со продлабочувањето на економските односи и соработката меѓу западно балканските земји, политичките односи и соработка може да најдат поповолна основа за развој.





Најнови вести
За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site