Posted 07.02.2010 18:05:56 UTC
Updated 07.02.2010 18:49:20 UTC
Истанбул е еден од најубавите градови на светот кој уште од минатото па се до денес е инспирација на низа писатели, поети, сликари... Истанбул е град за кого се напишани низа песни и поеми и се нацртани низа слики. Истанбул е еден од најпознатите градови по природните убавини и културно историски знаменитости во светот.
Истанбул освен тоа што е специфичен по својата географска положба и не наликува на ниту еден друг град во светот, исто така е град кој се простира на два континенти и тоа едниот дел на Азија, а другиот дел во Европа. Тоа е град меѓу континенти. Првите траги за населувањето на Истанбул и околината кој во текот на целата историја ги привлекуваше луѓето, датираат од 6500-та година п.н.е.. Околу 3000-та година п.н.е. започнува интензивното населување на Истанбул, додека темелите на денешен Истанбул беа фрлени во VII-от век п.н.е. од страна на Византион. Во IV-от век, градот повторно се гради и обновува од страна на Римскиот император Константин и се прогласува за престолнина. Почнувајќи од овој период, околу 16 века Истанбул беше престолнина на три големи империи и тоа Римската, Византиската и Османлиската.
Во текот на историјата во Истанбул живееја различни култури и тоа е град во кој живееја приврзаниците на трите големи религии христијанската, еврејската и муслиманската. Ваквата состојба влијаеше на собирањето на припадниците на различни раси, јазици, религии и вероисповест во овој град и заедно да живеат.
Истанбул беше изграден на принципот „Култура на заедничко живеење“, има неограничен број на уметнички ремек дела кои се карактеризираат со испреплетени особини и е домаќин на многу културно – историски споменици, со својата природна убавина е град кој како резултат на вредностите и убавините постои онаков каков што е.
Познатиот француски поет и државник Алфонс Ламартин (1790 - 1869) вели:
„Ако на светот мораш да погледнеш само еднаш, тогаш погледај само на Истанбул. Таму Господ и човекот, природата и уметноста створиле таков извонреден простор така што навистина заслужува да види.“
Истанбул денес, со популацијата од 14 милиони жители, е доста жив и динамичен град. Неговата стратешка позиција како и местото каде што се пресекуваат морските премини и патишта, покрај тоа што придонесоа Истанбул да стане значаен економски и индустриски центар на Турција, истовремено културно историските споменици, библиотеките, универзитетите, музеите, концертните сали, саемите и уметничките галерии придонесоа градот да стане и значаен културно уметнички центар.
„Град кој се спојува со водата и кој се одвојува со водата“, се протега на два континенти, со своите туристички богатства и богатото кулктурно наследство како и над илјада годишното минато, на 13 ноември 2006 беше прогласен за Европска престолнина на културата во 2010.
Со одлуката на Европскиот парламент и Министерскиот совет на ЕУ за Европски престолнини на културата во 2010 покрај Истанбул беа прогласени унгарскиот град Печуј и германскиот град Есен.
Титулата која се доделува на градовите кои имаат заеднички европски карактеристики, прв пат ја доби грчката престолнина Атина.
Тоа што Истанбул ја доби оваа почесна титула ќе влијае светското јавно мнение секој изминат повеќе и одблиску да ги запознае трагите на својата култура и град кој изобилува со богата култура, уметност, мода...
Истанбул со отворањето на своите можности и вредности на сите љубители на културата и уметноста, во текот на 2010 година ќе биде домаќин на голем број културни и уметнички активности кои ќе бидат реализирани на меѓународно ниво.
За таа цел во Истанбул беа развиени проекти кои позитивно ќе се одразат на иднината на градот, преку кои се планира историското наследство на градот да се пренесе на идните поколенија, да развие кулурно-уметничката инфраструктура на градот и кои ќе придонесат кон зголемување на животниот стандард на Истанбул.
Во Истанбул кој со изнаоѓањето на формулата „ перфектна ускладеност“ на цивилизациите а кој и натаму ги носи карактеристиките на космополитски град, во текот на 2010 година ќе биде домаќин на низа активности, кои ќе бидат предводени со симболизмот на четирите елементи: земјата, воздухот, водата и огнот.