ТРТ Радио
ИСТОРИЈАТ
Емитувањето на радио емисии во Турција започна речиси истовремено со светот.
Првите проби на радио емисии во светот започнаа веднаш во почетокот на 1920
сетите години. Турција која излезе со успех од борбата за независност, за да
достигне до нивото на современата цивилизација по примерот на секоја сфера почна
да води интензивни напори и во сферата на комуникацијата.
ПРВАТА ОФИЦИЈАЛНА РАДИО ЕМИСИЈА И ПЕРИОДOT НА ТТТАШ
Првите сериозни активности во оваа сфера започнаа во 1925 година. Со
донесениот закон се предвидуваше во Анкара да биде изградена голема безжична
станица и безжична мрежа на национално ниво. На објектите кои што беа изградени
во 1926 година во Анкара и Истанбул со комуникациска цел им беа додадени
потребните надополнувања и беа доведени во употреблива состојба за емитување на
радио емисии. Овие станици со моќност од по 5 kW беа најмоќни европски радио
емисии. Турското анонимно друштво за безжична и телефонска комуникација позната
по кратенката ТТТАШ (оригинал: TTTAŞ) што беше формирано за концесија со овие
радија, ги стави во услуга своите радио студија најпрвин во Истанбул, а потоа и
во Анкара.
И првата официјална радио емисија беше емитувана на 6 Мај 1927
година во Сиркеџи во Истанбул, од горниот кат на Големата Пошта што беше
преуреден во студио. Познато е дека во Турција која според првиот попис на
населението во 1928 година броеше околу 13 милиони жители истанбулските и
анкарските радија кои што беа формирани после една година, се обидуваа да го
прочујат својот глас со некаде околу 2000 приемници (радиоприемници).
ПЕРИОД НА ДРЖАВНИ РАДИО ЕМИСИИ
Во 1936 година започна еден нов период во историјата на турското радио.
Управата со радијата беше преземена од турското анонимно друштво за безжична и
телефонска комуникација позната по кратенката ТТТАШ (оригинал: TTTAŞ) кое беше
подложено на влијанието на економската криза што го зафати светот и беше
предадена на ПТТ. Потоа на 22 Мај 1940 година беше префрлена на Генералната
дирекција за печат и информирање, додека на 26 Јули 1943 година со
трансформацијата на Генералната дирекција за печат и информирање во Генерална
дирекција за печат и туризам и беше предадена на оваа Управа. На тој начин,
започна “периодот на државни радио емисии“ кој што потоа ќе продолжи се до
формирањето на Институцијата за радио-телевизија на Турција (ТРТ).
Годините
кои што следеа потоа беа сцена на значајни социјални и политички настани од
аспект на светската историја и Турција: Втората светска војна, формирањето на
Обединетите нации и НАТО, Корејската војна, промената на политичката власт во
Турција по Републиката, за прв пат...
Додека се доживуваа овие работи,
стануваме сведоци на една точка на пресвртница во емитувањето на радио емисии:
Во светот почнуваат да се произведуваат и интензивно распространуваат
радиоприемниците со транзистор.
Во меѓувреме, Истанбулското Радио кое во
1938 година престана со емитување на своите емисии за привремено, во 1949 година
повторно почна со емитување, додека истата година започна со емитување радиото
кое што беше формирано од страна на локалната управа во градот Измир. Во 1961
година заедно со радијата во Истанбул, Анкара и Измир беа формирани и радијата
во Адана, Анталја, Газиантеп, Карс и Ван. Во 1963 година пак, радијата во
Турција за привремено беа во склопот на министерството за туризам и
презентација.
И ФОРМИРАЊЕ НА ТРТ...
Заедно со 1960 сетите години се појави и потребата радио
емитувањето во Турција повторно да се реорганизира со тоа што ќе фати чекор со
општествените случувања. Постоеше потреба од една радиодифизна институција која
ќе биде независна од политичката власт, автономна, ќе располага со сопствени
кадри и сопствен буџет и која ќе ги собере под ист покрив радијата во Турција и
ќе ги започне телевизиските емисии. Оваа празнина беше исполнета од страна на
ТРТ (Турската радио-телевизија). Со донесениот закон број 359 и датум од 1 Мај
1964 година беше формирана Институцијата за радио телевизија на Турција (ТРТ).
На тој начин, започна еден нов период во сферата на радиото и телевизијата во
Турција.
Со достигнувања како што беа обновувањето на технолошката
инфраструктура, реорганизирањето на радио примо предавателите, формирањето на
регионалните радија и поврзувањето на програмските планирања со централниот
систем, подоцнежните години станаа златни години на радио емитувањето во
Турција.
24 ЧАСОВНО ЕМИТУВАЊЕ...
На 9 Септември 1974 година со учество на радијата во Анкара,
Истанбул, Измир, Ерзурум, Дијарбакир, Анталја и Чукурова беше формирано радиото
ТРТ-1 и беше започнато 24 часовно неприкинато заедничко емитување. Само 4 месеци
потоа, на 1 Јануари 1975 година пак, радио каналите TРT-2 и TРT-3 почнаа да
емитуваат заеднички емисии.
Со реорганизацијата во 1980 година беше
организиран Секторот за радио.
Со отворањето на радио каналот РАДИО-4 на 18
Октомври 1987 година, имињата на останатите три радио канали беа променети во
РАДИО-1, РАДИО-2 и РАДИО-3. РАДИО-1 почна да врши услуга како канал за образовна
програма, РАДИО-2 канал за културна програма, РАДИО-3 канал за западна музика, а
РАДИО-4 како канал за турска музика. Пред овој датум, на 14 Април 1978 година
ТРТ-3 почна да емитува на база на ФM, додека на 1 Октомври 1984 година беа
фрлени првите чекори на стерео емисии на радијата на ТРТ. По 1990 година откако
почнаа со емитување приватните радио канали во нашата земја, чекор фрли и
Институцијата ТРТ и на 12 Мај 1993 година го стави во примена националниот радио
канал ТРТ-ФM (РАДИО-4) кој што ќе емитува емисии со популарна музика. На 1
Ноември 1997 година заврши со емитување на свои емисии каналот РАДИО-2 кој што
почна да емитува на 13 Септември 1993 година под името „РАДИО ВЕСТИ“.
СЕ РАЃА ТРТ ФM (РАДИО–2)...
Со одлука на Управниот одбор со датум од 30 Декември 1997
година името на програмата ТРТ ФM (РАДИО-4) беше променето во TРT-ФM (РАДИО-2).
Примената започна на 1 Јануари 1998 година. РАДИО-4 пак, согласно потребата на
03 Јануари 2000 година почна со емитување со турски музички идентитет.
Паралелно со реструктуирањето што започна во 1998 година, во 2001 година
беше реализирано планирање во идентитетот и во радијата на ТРТ. Со таа цел беа
реализирани преуредувања со нови продукциски емисии на начин со кој што на
преден план беа изнесени идентитети како што беа образование-култура-вести на
РАДИО-1, популарна музика на РАДИО-2 (ТРТ-ФM), западна музика на РАДИО-3 и
Турска музика на РАДИО-4. Има карактеристика на национален радио канал на ТРТ
кој што емитува 24 часа емисии во живо.
ЗАЈАКНУВААТ ЛОКАЛНИТЕ ЕМИСИИ....
Почнувајќи од 29 Јануари 2001 година, беше целосно изменет форматот на
емитување преку ден на РАДИО-1 помеѓу 07:30-19:00 часот и беа испланирани
продукции кои што целосно се потпираа на говорни емисии. На локалните радија
пак, помеѓу 06:00-18:00 часот целосно се премина кон емисија во живо, во правец
на потребите и карактеристиките на регионот кој што се наоѓа во областа на
емитување. Овие радија помеѓу 18:00-06:00 часот, беа приврзани кон заедничкото
емитување на РАДИО-4.
РАДИО-1, РАДИО-2 (ТРТ ФM), РАДИО-3 ve РАДИО-4 станаа
национални примопредаватели, достигнаа до најдалечните места на земјата преку
предавателите и на амплитудна и на фреквенциска модулација, додека радијата
Анталја, Чукурова, ГАП- Дијарбакир, Ерзурум и Трабзон, преземаат значајна
одговорност со локалните емисии во правец на желбите на слушателите во своите
области на емитување.
Радијата на ТРТ задолжени за емитување во земјата,
благодарение на емисиите кои што се пренесуваат преку сателит и на интернет се
слушаат и од страна на нашите граѓани и сонародници кои живеат ширум светот: со
своите 4 национални и 5 локални радио канали, квалификуваните и искусни
вработени, хоровите во различни музички гранки, детските и младинските клубови,
богатата архива, емисиите поддржани со компјутерска обработка, студиската
опрема, моќноста на предавателите и со емисиите во согласност со нормите на
современото радиодифузно емитување се обидува да стане вид, слух и глас на
земјата.
РАДИЈАТА НА ТРТ, НЕОСПОРЕН ЛИДЕР НА НАЦИОНАЛНИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ ЕМИСИИ!
Според „Истражувањето на јавното мислење за радио емисиите во рамките на
Турција“ што беше спроведено во 2008 година во соработка на нашата институција и
универзитетите, Радио-2 (TРТ ФM) е најмногу слушан радио канал во нашата земја.
Радио-1 пак, се наоѓа меѓу петте најмногу слушани радија.
ЛОКАЛНИ РАДИЈА
Гласот на турските радија на ТРТ денеска со посредство на пет локални канали
достигнува до сите места на нашата земја. Локалните радија Анталја, Чукурова,
Ерзурум, ГАП Дијарбакир и Трабзон, земајќи ги во предвид социо-економските и
културните карактеристики и потребите на областа на емитување емитува претежно
музика со што се овозможува интензивно учество на слушателите и им се придава
место на вести од регионот.
ЛОКАЛНО РАДИО АНТАЛЈА
На 27 ЈУНИ 1962 година со предавател со моќност од 2 kW стана општинско
радио, додека на 07 МАЈ 1967 со предавател од 100 kW стана локално радио. На 01
ЈАНУАРИ 1975 година се приклучи кон националната мрежа на РАДИО-1. Почнувајќи од
01 ЈАНУАРИ 1993 година пак, премина кон емитување на локално ниво. Од 29 ЈАНУАРИ
2001 година наваму помеѓу 06:00-18:00 часот емитува целосно на локално ниво и во
живо, помеѓу 18:00-06:00 часот пак, емитува заеднички емисии со РАДИО-4.
Според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено во
Декември 2004 година Локалното радио Анталја со слушаност од 13.5 % се наоѓа на
четвртото место меѓу најмногу слушаните радио канали во регионот.
ЛОКАЛНО РАДИО ЧУКУРОВА
Во Април 1962 година со предавател со моќност од 2 kW
емитуваше под името општинско радио Адана, а почнувајќи од 03 МАРТ 1968 година
своите емисии продолжи да ги емитува од Мерсин како локално радио Чукурова. На
01 ЈАНУАРИ 1975 година се приклучи кон националната мрежа на РАДИО-1. Од 29
ЈАНУАРИ 2001 година наваму помеѓу 06:00-18:00 часот емитува целосно на локално
ниво и во живо, помеѓу 18:00-06:00 часот пак, емитува заеднички емисии со
РАДИО-4.
Според резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено
во Октомври 2006 година, процентот на слушаност на Локалното радио Чукурова
изнесува 4.44 %.
ЛОКАЛНО РАДИО ЕРЗУРУМ
На 15 ДЕКЕМВРИ 1960 година со предавател со моќност од 1 kW беше општинско
радио, а на 07 МАЈ 1967 година стана локално радио. На 01 ЈАНУАРИ 1975 година се
приклучи кон националната мрежа на РАДИО-1, а почнувајќи од 01 ЈАНУАРИ 1990
година почна да емитува емисии на локално ниво. Од 29 ЈАНУАРИ 2001 година,
помеѓу 06:00-18:00 часот емитува целосно на локално ниво и во живо, помеѓу
18:00-06:00 часот пак, емитува заеднички емисии со РАДИО-4.
Според
резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено во Декември 2004
година од страна на Локалното радио Ерзурум, Радио Ерзурум со процент на
слушаност од 8.5 % е на третото место меѓу 51 радио канал колку што емитуваат
свои емисии во регионот.
ЛОКАЛНО РАДИО ГАП ДИЈАРБАКИР
Во 1964 година со предавател со моќност од 2 kW беше општинско радио
Дијарбакир, а на 08 НОЕМВРИ 1968 година со моќност од 300 kW стана локално
радио. На 01 ЈАНУАРИ 1975 година се приклучи кон националната мрежа на РАДИО-1.
На 02 ОКТОМВРИ 1989 година почна да емитува емисии на локално ниво. На 15 АПРИЛ
1991 година стапи во акција Радио ГАП. Од 01 ЈАНУАРИ 1997 година, своите емисии
продолжува да ги емитува под името Радио ГАП-Дијарбакир. Од 29 ЈАНУАРИ 2001
година, помеѓу 06:00-18:00 часот емитува целосно на локално ниво и во живо,
помеѓу 18:00-06:00 часот пак, емитува заеднички емисии со РАДИО-4.
Според
резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено во Март 2005 година
во градовите Дијарбакир, Шанлиурфа, Елазиг, Малатја, Мардин и Газиантеп како и
во населените места и селата во нивни граници кои што спаѓаат во областа на
неговото радиодифузно емитување Локалното радио ГАП-Дијарбакир располага со
процент на слушаност од 13,14 %.
ЛОКАЛНО РАДИО ТРАБЗОН
На 01 ДЕКЕМВРИ 1968 година со предавател со моќност од 2 kW беше општинско
радио, а на 01 ДЕКЕМВРИ 1978 година со моќност од 300 kW стана локално радио. На
06 ЈАНУАРИ 1992 година почна да емитува емисии на локално ниво. Почнувајќи од 29
ЈАНУАРИ 2001 година пак, се приклучи кон националната мрежа на РАДИО-1. Од 29
ЈАНУАРИ 2001 година, помеѓу 06:00-18:00 часот емитува целосно на локално ниво и
во живо, помеѓу 18:00-06:00 часот пак, емитува заеднички емисии со РАДИО-4.
Според последното истражување на јавното мислење спроведено во Мај 2005
година во соработка на Црноморскиот Технички Универзитет и ТРТ, Локалното радио
Трабзон располага со процент на слушаност од 13,0 %.
За повеќе податоци во врска со Радио ТРТ:
http://trt.net.tr/Radyo/RadyoAnasayfa.aspx