ПОДКАСТ Медиа КОНТАКТ Rss

ТРТ ТЕЛЕВИЗИЈА

ДОМАШНИ ТЕЛЕВИЗИСКИ ЕМИСИИ

ТРТ–1 (Семеен канал)

  • Целта на ТРТ-1 е преку забава и разонода на гледачите од различна возраст, професија, образовно и културно ниво да ги информира семејствата во цела Турција. При информирањето на граѓаните целта на каналот е да ги зајакне образовното ниво, како и чувството на меѓусебната солидарност и единството, културната интеграција, навремено информирање и задоволување на потребите од музика.
  • Емисиите на ТРТ-1 се состојат од образовни, културни програми, драми, музички, забавни и спортски програми. Исто така се емитуваат и Економски пропагандни програми (ЕПП) т.е. реклами.
  • Емисиите на ТРТ-1 се емитуваат од страна на Телевизија Анкара.

ТРТ–2 (Културно-образовни програми, Вести)

  • Целта на ТРТ-2 е да ги задоволи очекувањата на гледачите од аспект на културно уметничките програми преку емитување содржини од турската култура и уметност и елаборирање примери од современите културни и уметнички трендови. Каналот има за цел да допринесе кон воспитувањето на младите генерации, стекнување со поопширни информации за турската култура и уметноста, определувањето на местото на турската култура и уметноста во рамките на светската култура и уметноста, особено зачувување на традиционалните културни и уметнички вредности од страна на младите и синтеза на истите со современите вредности и нивно воспитување во својство на самостојни индивидуи.
  • Емисиите на ТРТ-2 се состојат од образовни, културни (документарни, уметнички и културни програми и уметнички и културни дебатни емисии), вести (актуелно, економија, уметност и култура, информативни програми), спорт, музика (секаков вид музика) и драма (серии, литературни дела, избрани примери од турската и светската кинематографија, сериски и цртани филмови за деца).
  • ТРТ-2 се емитува од страна на Телевизија Анкара.

ТРТ-3

  • Целта на ТРТ-3 е навремено информирање на гледачите особено за спортските настани и достигнувања.
  • Емисиите на ТРТ-3 се емитуваат наизменично со ТРТ-ГАП и ТБММ ТВ. Покрај тоа што содржината на емисиите претежно се состои од спортски програми исто така се состои од образовни, културни и музички програми. Се емитуваат и Економски пропагандни програми. Меѓудругото на овој канал, наутро секој ден во текот на неделата се емитуваат програми од областа на културата, информативни и музички програми на традиционалните јазици и дијалекти на коишто говорат турските граѓани.
  • ТРТ-3 се емитува од страна на Телевизија Анкара.

ТРТ-4 (Образовен канал)

  • Целта на ТРТ-4 е да помогне во едукацијата и надоградбата на вонредните студенти и задоволување на потребата на гледачите од музика.
  • Содржината на програмите на ТРТ-4 се состои од настава за вонредните ученици од средното образование и вонредните студенти како и културно-образовни, музички и забавни програми. Исто така се емитуваат и Економско пропаганди програми.
  • Емисиите на ТРТ-4 се емитуваат од страна на Телевизија Анкара.

ТРТ-ГАП

  • Целта на ТРТ-ГАП е да се допринесе кон формирање социјална, културна и психолошка средина за рационалните темели за остварувањето на проектот Југоисточна Анадолија кој е познат под кратенката ГАП како и зголемување на економското и образовното ниво на регионот. Во тие рамки, одговарајќи на потребите на жителите на Источна и Југоисточна Анадолија се планира да се допринесе кон навременото информирање и запознавање на широките маси со придонесот на проектот ГАП кон развојот на регионот и земјата.
  • Емисиите на ТРТ-ГАП се состојат од образовни, културни програми, драми, музички програми коишто одговараат на потребите и барањата на жителите коишто живеат во Источна и Југоисточна Анадолија. Исто така се емитуваат и Економско пропаганди програми.
  • Емисиите на ТРТ-ГАП се емитуваат преку брановите на ТРТ-3 наизменично со ТРТ-3 и ТБММ ТВ.
  • Емисиите на ТРТ-ГАП се емитуваат од страна на Телевизија Анкара.

ТЕЛЕТЕКСТ

  • Целта на емитувањето на Телетекстот е навремено информирање на целото општество (вклучувајќи ги и хендикепираните) со развојот на актуелните настани во земјава и светот, временската прогноза и состојбата на патиштата, спорските случувања и достигнувања, актуелностите, радио и телевизиските програми, културно уметничките настани и манифестации, туристичките центри, инфромациите од полето на економијата и друго.
  • Во рамките на емитувањето на Теелетекстот се емитуваат Економско пропаганди програми и огласи.
  • ТВ-денот се емитува во вид на телетекст преку мрежата на ТРТ-1, ТРТ-2 и ТРТ-ИНТ.
  • Телекстот се емитува од страна на Телевизија Анкара.

ТРТ-ДАТА ПРЕНОС

  • Целта на дата преносот е взаемно информирање со едукативна и комерцијална намена. Тоа ќе се постигне на следниот начин: информациите ќе бидат пренесени онлајн и тоа со помош на вертикалните црни црти (ВБИ) што ги има на секој компјутер.
  • Според договорот постигната со Анадолската Новинска Агенција, дата преносот се емитува преку мрежата на ТРТ-1 и ТРТ-2.
  • Дата преносот се емитува од страна на Телевизија Анкара што е во составот на информативната редакција.

ТВ ЕМИСИИ ЗА СТРАНСТВО

ТРТ-ИНТ

  • Целта на ТРТ-ИНТ е да ја продолжи взаемноста и повзраноста на турските граѓани коишто живвеат во странство со Турција и турската култура, презентирање и запознавање на Турција и турскиот човек од секој аспект и зголемување на образовното и културно ниво. ТВ канал меѓудругото има за цел истакнувајќи ги проблемите проблемите на граѓаните од сите аспекти да обезбеди продолжување на односите со Турција. Исто така со запознавањето на културите на земјите во коишто претсојуваат да го олесни процесот на нивната адаптација.
  • Емисиите на ТРТ-ИНТ се состојат од образовни, културни програми, драми, забавни, музички и спортски програми како и информативни програми – вести. Исто така можат да се емитуваат и Економско пропаганди програми.
  • Во рамките на емитувањето на програмите на ТРТ-ИНТ вестите се емитуваат на секој час. По потреба некои програми и Економско пропагандни програми можат да се емитуваат на странски јазик во оргинал со титл преводи.
  • ТРТ-ИНТ во одредени центри во земјава и во странство особено во Германија и другите земји каде што живеат голем број наши сонародници се емитува преку сателит.
  • ТРТ-ИНТ емитува од страна на Телевизија Анкара.

ТРТ-ТУРК (Турски свет)

  • Целта на емитувањето на ТРТ-ТУРК преку програмите насочени за Кавказија и централна Азија е взаемно запознавање на Турција и турскиот свет и нивните можносто во различни полиња. ТРТ-ТУРК има за цел да стане заеднички канал на целиот турски свет. Во тие рамки се подготвува да ги емитува емисиите и програмите коишто ќе бидат надвор од Турција како и задничките програми.
  • Емисиите на ТРТ-ТУРК се состојат од образовни, културни програми, драми, забавни, музички и информативни програми – вести. Можат да се емтуваат и Економско пропаганди програми. По потреба можат да се емитуваат Економско пропагандни програми на јазиците на земјите за кои се наменети.
  • Емисиите на ТРТ-ТУРК во странство се емитуваат преку сателит и тоа до сите наши сонародници коишто живеат во Централна Азија и надвор од овој простор.
  • Емисиите на ТРТ-ИНТ се емитуваат на турски јазик којшто се говори во Турција. Земајќи ги во предвид програмите, карактеристиките и потенцијалот на гледачите, емисиите можат да се емитуваат на странски јазик и дијалектите на турскиот јазик со титлувани преводи. Меѓудругото, програмите избрани според одредена категорија се емитуваат во рамките на стандардите DVB-S (дигитално емитување преку сателит) со преводи на повеќе јазици.
  • ТРТ-ИНТ се емитува од страна на Телевизија Анкара.

Со поопширни информации за Турската радиотелевизија - ТРТ имате можност да се стекнете преку следниот веб сајт: http://trt.net.tr/TV/TvAna.aspx

За ТРТ Радио Глас на Турција За ТРТ Контакт Фреквенции Медиа
ТРТ Радио
ТРТ ТВ
ТРТ Вести
ТРТ Историјат
Terms of use
Ваш мислење
Податоци за сателитско емитување
Програмска Шема
Фотогалерија
Аудио/Видео
ПОДКАСТ
Turkish Radio - Television Corporation Official Web Site